Спорт
Барса од Мадрид со три бода, но без Меси
Дури по четири години Барселона успева да освои цел плен на гостувањето кај Атлетико Мадрид, но нејзиниот најдобар играч доживеа повреда која според првичните процени ќе го оддалечи Меси најмалку две седмици од теренот
Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси беше повреден во судското надополнување при еден невнимателен старт на чешкиот репрезентативец кој настапува за Атлетико, Томаш Ујфалуши. Според шпанските електронски медиуми, можно е повредата на Меси кој беше изнесен од теренот на носилки, да биде потешка. Уште при телевизискиот пренос беше забележливо дека глуждот на десната нога на меси веднаш многу отече. „Сите сме тажни за повредата на Меси. Сепак, лекарите по првата процена ја елиминираа моќноста од скршеница. Ни останува само да ги пречекаме утрешните прегледи за да се утврди вистинската сериозност на повредата“, изјави за интернет страницата на Барселона, тренерот Хосеп Гвардиола. Според страницата првите констатации на лекарите се дека на Меси му е исчашен зглобот и е истегнат медијалниот колатерален лигамент. Меси инаку во недела навечер беше стрелец на првиот гол за Барселона во победата од 2:1 на „Винсент Калдерон“ во 13. минута. Откако Раул Гарсија во 25. минута изедначи на 1:1м Пике во 32. минута го постави конечниот резултат. Барселона ја одигра својата вообичаена игра и во ниеден момент нејзината победа не дојде во прашање. Иако во вториот дел од мечот тоа беше одење по жица, Атлетико речиси и не направи посериозна шанса, туку најистакнат поединец на средбата беше младиот домашен голман Давид де Геа кој одбрани повеќе тешки удари особено на Давид Виља кој по двобоите со него беше видни индиспониран.Третото коло од шпанската Примера беше завршено со градското дерби меѓу Вијареал и Леванте. Победата на Вијареал им ја донесе бразилскиот напаѓач Неимар кој беше двоен стрелец во 16. и во 42. минута, додека домаќинот Леванте намали преку Еквадорецот Каеседо кој дојде од Манчестер сити во последната минута од мечот. Валенсија пак се искачи на првото место откако на гостувањето кај сензационалниот победник од минатата седмица на „Ноу Камп“, Херкулес, извојува победа со 2:1. Хуан Мата во 2. и Пабло Хернандез во 23. минута беа стрелци за гостите, а за домашните својот прв гол го постигна довчерашниот напаѓач Давид Трезеге кој прецизно изведе пенал во 43. минута. На Херкулес не му помогна ниту тоа што Валенсија од 50. минута играше со играч помалку откако беше исклучен Наваро.Во недела Расинг со головите на Енрике во 76. и на Ариел во 90. минута го совлада Сарагоза.Малага иако поведе со голот на Редондо во 14. минута, сепак пред своите навивачи беше поразена од Севиља со головите на Алфаро во 20. и Сесарес во 50. минута.Валенсија го презеде водството на табелата со девет бодови од три меча, Севиља е втора со седум бодови колку и третиот Реал Мадрид, а Барселона е шеста со исто толку бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дали Премиер лигата е најсилна во светот на фудбалот?
Сезоната 2023/2024 во европските купови стана вистински кошмар за клубовите од најсилната лига во светот, англиската Премиер лига.
Во завршницата, Премиер лигата има само еден тим. Честа на англиското фудбал ја брани Астон Вила и тоа во третото според ранг европско натпреварување, Конференциската лига.
Англија нема претставник во Лигата на шампионите, откако Манчестер сити и Арсенал беа елиминирани во средата, во четвртфиналето, а претходно Манчестер јунајтед и Њукасл испаднаа во фазата по групи.
Во елитното натпреварување Премиер лигата доживеа вистински дебакл, бидејќи англиските тимови освоија три титули во последните пет сезони.
Синоќа, во четвртфиналето сезоната во Лига Евопа ја завршија Ливерпул и Вест Хем. Во
За прв пат по девет години ниту, Англија нема полуфиналист во двете најсилни европски натпреварувања.
Честа на англискиот фудбал остана да ја брани Астон Вила. Клубот од Бирмингем во полуфиналето ќе игра против Олимпијакос.
Спорт
Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај
Ландо Норис најдобро се снајде во хаотичните услови во квалификациите за првата спринт трката оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Кина.
Дождот им создаде големи проблеми на возачите, а во такви услови најдобар беше пилотот на Мекларен. Норис забележа време 1:57.940 минути, кое беше за 1,2 секунди подобро времето на Луис Хамилтон (Мерцедес) и 1,9 секунди побрзо од времето на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Искуството на Хамилтон и Алонсо пресуди во борбата со пилотите на Ред Бул и Ферари кои возат подобри болиди.
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен спринтот в Шангај ќе го започне од четвртото место, зад него се Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Оскар Пјастри (Мекларен), Валтери Ботаси и Жу од Заубер.
Спринт трката во пресрет на Големата награда на Кина, утре се вози во 5 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка ќе се одржат четири часа подоцна. Големата награда на Кина започнува во недела во 9 часот.
Спорт
„Им посакувам сѐ најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.