Спорт
Јунајтед не успеа да му се доближи на Челзи
Фудбалерите на Манчестер јунајтед со ремито кај Болтон не успеаја да го искористат саботниот кикс на Челзи и да ја намалатколо во неговата предност
Шестото коло во англиската Премиершоп беше црниот викенд за фаворитите. По домашните порази на Арсенал и Тотенхем и гостинскиот на шампионот Челзи, во недела и Манчестер јунајтед не извојува победа. На гостувањето кај Болтон, „црвените ѓаволи“ и покрај надмоќта на двапати беа во ситуација да го стигнуваат водството на домаќинот за кого головите ги постигнаа Најт во 6. и Петров во 67. минута, додека израмнуваа Нани во 23, и Овен во 74. минута. . Со овој бод, и покрај тоа што е единствената непоразена екипа во англиското првенство, Манчестер јунајтед собра 12 бодови и е на втората позиција, со три помалку од првиот Челзи. Арсенал по поразот со 2:3 на „Емирати“ од Вест бромвич албион падна на третото место со 11 бодови, колку што има и четвртиот Манчестер сити кој го порази Челзи со минимални 1:0 пред своите навивачи.Шестото коло го затворија натпреварите Вулверхептон и Астон вила и Њукасл и Сток сите. И двете средби завршија со идентични 2:1 за гостинските екипи што се и првите годинешни сезонски победи на противничкиот терен за Астон вила и за Сток. И на двете средби победникот беше решен во последните пет минути од мечот. Астон вила дојде до победата со голот на Хески во 88. минута, откако поведе со голот Доунинг во 25., а Вулверхемптон изедначи преку Џарвис во 61. минута. Њукасл пред својата публика поведе со голот на Нолан во 43. минута од пенал, но Сток преку Џонес во 67. и Пирч кој си постигна автогол во 85. минута дојде до трите бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.