Спорт
Партизан храбро пред топовите на Арсенал
Иако со очигледна разлика во квалитетот и рејтингот, најинтересниот меч во 2-то коло од ЛШ во вторник навечер беше одигран во Белград каде домашните „гробари“ беа со 1:3 поразени од лондонските „топчии“ со три пенала од кои два беа одбранети
Во второто коло од Х групата во Лигата на шампионите, во Белград Арсенал славеше со 3:1 над Партизан. Накусо, Андреј Аршавин во 15. минута ги доведе „топчиите“ во водство во 15. минута, а домаќините во екот на најголемата иницијатива и голманот Стојковиќ кој беше јунак на мечот, спречи неколку погодоци за противникот, преку несмасно направениот пенал од Едисон, преку Клео во 33. минута го изедначија резултатот.Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во второто полувреме се реши набрзина да дојде во водство, па расположениот Аршавин веќе во 48. минута го погоди дирекот од партизановиот гол. Клучниот момент се случи во 56. минута иако Аршавин не го совлада од белата точка расположениот Стојковиќ. Имено, Јовановиќ, можеби и престрого по фаулот врз Чамак во шеснаесетникот доби директен црвен картон. Со тоа, имајќи ја предвид разликата во квалитетот и техничката подреденост во однос на противникот, веќе стана јасно дека вечерва на Партизан нема да му помогне храбрата игра против големиот противник и еден од најдобрите клубови во англиската Премиершип. Во услови кога на теренот имаа играч помалку, не успеа стратегијата за полузатворена варијанта со концентрација на средината од теренот и со обиди за исфрлање далеку на противничката половина на Клео со надеж дека бразилската луцидност ќе ја изненади одбраната на Арсенал. Погодокот што висеше во воздух го постигна Чамак во 74. минута а дека нема да може да се случи никакво изненадување потврди Скилачи во 82. минута. Во 84. минута, резервниот голман на Арсенал, Фабиански го одбрани ударот на Клео од 11 метри, што беше крај на сите надежи и на најоптимистичните и најверни партизанови навивачи. Треба да се напомене и дека одигрувањето на овој меч беше од знак прашалник, затоа што половина час пред закажаниот почеток на стадионот снема струја. Покрај Лазевски кој го одигра целиот меч, од 83. минута во игра беше внесен и Илиев.Во вториот вечерашен меч од истата Х група, украински Шахтјор на гостински терена ја прегази португалска Брага со изненадувачки лесни 3:0, иако сите три гола беа постигнати во вториот дел. Двоен стрелец беше Бразилецот Луиш Адриано во 56. и 72. минута, а во втората минута од судиското дополнување од пенал прецизен беше Даглас Коста.По второто коло во Х групата, Арсенал и Шахјтор имаат по шест бодови, додека Партизан и Брага се без бодови и судејќи според досегашните настапи во меѓусебните дуели ќе решат која екипа напролет ќе продолжи во европските купови како третопласирана во групата. Притоа Партизан има се чини поголеми шанси, бидејќи Брага на двата меча досега прими девет голови а не постигна ниту еден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.