Спорт
Манју на „нула“, Тотенхем подобар од Астон Вила
Во седмото коло од англиското фудбалско првенство вицепрвакот Манчестер јунајтед одигра само 0:0 на гости кај Сандерленд, додека Тотенхем дома извојува тешка победа од 2:1
Манчестер јунајтед со ремито останува на втората позиција на табелата со 13 бодови, два помалку од првиот Челзи а два повеќе од третопласираниот Арсенал, двете екипи кои утре го играат меѓусебниот меч. „Црвените ѓаволи“ го одиграа своето четврто реми од стартот на новата сезона што одамна не му се случило на еден од најтрофејните англиски и европски клубови. Вејн Руни го пропушти и овој меч, и очигледно дека покрај повремените блесоци на Бугаринот Димитар Бербатов, Манчестер јунајтед нема квалитет во нападот каков што го красеше минатите сезони. Првиот настап во Премиершип го впиша Португалецот Бебе, најдобриот играч од последното Светско фудбалско првенство за бездомници, кој во 80. минута го замени Андерсон. Во еден од најпримамливите саботни мечеви од англиското првенство на „Вајт харт лејн“, домашниот Тотенхем дојде до третата првенствена победа по целосниот пресврт што го направи благодарејќи на Рафаел ван дер Варт. Холандскиот репрезентативец ги постигна и двата гола, во втората минута од судиското надополнување од првото полувреме и во 75. минута, и тоа и двата по додавање на Питер Крауч. Астон вила поведе во 16. минута преку Марк Олбрајтон кој внимателно го следеше извонредниот пробив по десната страна на Емил Хески и неговото одлично проигрување во средината. Ова коло ќе биде запаметено и по победата на ливерпулски Евертон. Имено клубот кој важи за еден од најстабилните англиски прволигаши во долгата историја на лигата, досега беше единствениот клуб кој во сите четири професионални фудбалски лиги во Англија немаше забележано победа. „Трободите“ првата победа ја забележаа на гости кај Бирмингем, со 2:0. Со оваа победа Евертон на табелата го премина најлутиот градскиот ривал Ливерпул и го подбутна во зоната на испаѓање. „Редсите“ во недела се среќаваат на „Ејнфилд“ со Блекупул. Головите за Евертон ги постигнаа Роџер Џонсон во 54. минута (автогол) и Тим Кејхил во третата минута од судиското дополнување. Болтон, пак, го надмина Манју по бројката нерешени мечеви и го одигра петтото реми сезонава, откако одиграа нагости кај Вест бромвич албион 1:1. Болтон поведе во 64. минута преку Јохан Елмандер, а ВБА изедначи со голот на Џејмс Морисон во 78. минута. Со истиот резултат со по еден постигнат гол одиграа и Вест хем и Фулам. И на овојо меч гостите поведоа во 33. минута со погодокот на Клинт Демпси, а домаќините изедначија во 51. минута преку Фредерик Пикоуен, но потоа и двете екипи немаа сили да направат вистински притисок да дојдат до водство. Домашни победи извојуваа Сток и Виган. Сток сити го пречека Блекбурн кого го совлада со голот на Џонатан Валтерс во 48. минута. Виган со 2:0 го победи Вулверхептон, а стрелци беа Жорди Гомез во 65. и Уго Родањега во 86. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито
Поранешниот селектор на фудбалска репрезентација на Кина, Ли Те, во случајот со пред судот, во процесот што се води против него, признал дека примил повеќе од 10 милиони евра мито.
Ле, кој ја водеше Кина од јануари 2020 до декември 2021 година е обвинет за давање и примање мито и учество во местење натпревари, се вели во соопштението за медиумите на провинцискиот суд во Хубеи.
Во текот на повеќемесечниот процес, Ле призна дека добил повеќе од 9,8 милиони евра во периодот од 2017 до 2021 година.
„Ли Те ја призна вината и изрази каење“, се вели во соопштението на судот и се додава дека пресудата ќе биде објавена подоцна.
Кинеските медиуми во вторникот објавија дека поранешниот претседател на кинеската фудбалска федерација Чен Џујуан, кој призна дека примал мито, е осуден на доживотен затвор.
Спорт
Хенес: Алонсо нема да дојде во Баерн ова лето
Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес изјави дека минимални се шансите тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо на крајот на сезоната да го преземе клубот од Минхен.
Баерн пред нешто повеќе од еден месец објави дека тренерот Томас Тухел ќе ја заврши својата мисија во Минхен на крајот од сезоната.
„Точно е дека сакаме да потпишеме договор со Алонсо. Сепак, ќе биде многу тешко, да не речам невозможно“, изјави Хенес.
Алонсо го презеде тимот од Леверкузен во октомври 2022 година, а оваа сезона е вистински хит во Бундеслигата.
„Сигурен сум дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Сега е тренер на клуб кој е блиску до освојување на титулата во Бундеслигата. Тој треба да му биде благодарен на клубот, но и клубот има за што да му заблагодари“, додаде Хенес.
Од 2014 до 2017 година, Алонсо играше за Баерн Минхен, каде што разви одлични односи со луѓето од клубот, меѓу кои и тогашниот претседател Ули Хенес, кој сега е доживотен почесен претседател.
Спорт
Димитров го растури Алкараз во Мајами
Григор Димитров го победи Карлос Алкараз со 6:2, 6:4 во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Ова беше петти меѓусебен дуел на Бугаринот и Шпанецот и втора победа по ред за Димитров.
„Направи да се чувствувам како да имам 13 години“ – го опиша Карлос Алкараз поразот од Бугаринот
„Не се сеќавам некој да ме натерал да се чувствувам вака. Вакво нешто одамна не ми се случило. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми даде. Почувствував неверојатна фрустрација.“
А 32-годишниот Димитров навистина одигра перфектно. Мечот го заврши со 24 винери.
„Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Против него е многу тешко да се направи тоа“ – објасни Бугаринот како го победи шампионот на Индијан Велс.
Можеше и побрзо да победи бидејќи водеше со 4:1 во вториот сет, но потоа Алкараз успеа да врати еден брејк, но не успеа да се врати во мечот.