Спорт
Уште една „распродажба“ на Камп Ноу
Барселона во 6-то коло изгуби нови бодови пред своите гледачи играјќи 1:1 со Мајорка, додека лутиот ривал Реал во Мадрид го столчи Депортиво со 6:1
Мајорка се специјализираше да им ги помати сметките на гигантите, па откако на Реал Мадрид му откина бод играјќи 0:0, сега истото и’ го стори и на Барселона. Променливите настапи на Барса и неуспехот да се совлада просечната Мајорка на домашен терен на крајот од мечот предизвикаа бура од негодување на трибините на „Камп Ноу“ од верната но жестока публика, која потсетува дека и против аутсајдерот во Лигата на шампионите рускиот Рубин Казан во средата, нивните миленици одиграа бледо со идентичниот резултат од вечерва 1:1.Барса настапи без Чави и Давид Виља, но тоа воопшто не може да биде изговор за Пеп Гвардиола кому ни убавиот гол на Леонел Меси во 21. минута кој е и дефинитивно прогласен за најдобар фудбалер на светот во моментов не му помогна да не го зголеми заостатокот зад водечката Валенсија. Меси откако со петица топката му ја додаде Педро Родригез со левата нога од врвот на шеснаесетникот ја пласираше топката во долниот агол од голот на противникот. Но Мајорка уште во првиот дел успеа да го израмни резултатот преку Емилио Нсуе Лопез кој со глава ја спроведе топката во мрежата на домаќинот по изведениот корнер од десната страна. Во вториот дел Барса тргна многу пожестоко и имаше низа одлични можности да дојде во водството, а Бојан Кркиќ ја погоди еднаш и стативата. Но треба да се напомене дека и Мајорка се закануваше, а домашниот голман Виктор Валдез неколкупати мораше да ги коригира големите пропусти на деконцентрираната одбрана на Барса. Реал го искористи киксот на Барса и демолирајќи го Депортиво успеа да го прескокне на табелата од Примера најлутиот ривал. Откако во првите пет кола екипата на култниот Жозе Мурињо се мачеше со реализацијата на надмоќноста на теренот, во недела навечер „кралевите“ се разгоропадија на „Сантјаго Бернабеу“ и во мрежата на Депортиво втурнаа половина дузина голови. Рака на срце за тоа и немаа многу тешка задача, бидејќи нивните вечерашни противници се еден од тимовите во Примера кои годинава ќе водат до крајот на првенството грчевита борба за опстанок. Кристијано Роналдо ја отвори серијата уште во 4. минута откако по корнер поентираше со глава, а до крајот на првиот дел прецизни беа и засилувањеата Месут Озил во 24 и Ангел ди Мариа во 34. минута. Созадавањето безброј шанси за Реал продолжи и во вториот дел со головите на Гонзало Игуаин во 53. и автоголот на За Кастро во 60. минута. Почесниот погодок за гостите го постигна во 78. минута Хуан Родригез, а серијата ја затвори играчот кој и ја почна, Португалецот погоди по вторпат и во 89. минута.Иако победата на Реал е висока, се добива впечаток како се’ уште неговите играчи да не се со наместени нишани. Создадоа толку шанси што би рекле дека ја реализираа секоја петта. Како и да е Реал има 14 бодови и се приближува на врвот. Со два бода помалку од водечката Валенсија и еден од втората Виљреал. Депортиво по шест кола е закован на последното место со само три бода без ниедна победа. Во недела претходно Виљареал на својот „Мадригал“ го совлада Расинг Сантандер со 2:0. Мечот беше решен по само 13. минути игра, откако головите ги постигнаа Нилмар во 8. и Роси во 13. минута.Севиља убедливо го совлада Атлетико Мадрид пред своите гледачи со 3:1. Стрелци беа Негредо во 29., Пероти во 35. и Кануте во 52. минута за домаќинот, додека за мадриѓаните намали Диего Коста во 58. минута.Хетафе со 3:0 го совлада Херкулес, со головите на Парехо во 21., Ману дел Морал во 43. и Мику во 82. минута.Алмерија на домашен терен со голот на Уче во 76. минута го израмни водството на Малага за која голот во 50. минута го постигна Овусу-Абејле. Осасуна и Леванте во последните дваесет минути од мечот ги поделија бодовите, откако во 72. минута преку Пандиани поведоа домаќините а по седум минути изедначи Гонзало Сориано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.