Спорт
Бразил во Англија подобар од Украина
Фудбалерите на Бразил во подготвителен пријателски меч во англискиот град Дерби ја совладаа Украина со 2: 0, со головите на Алвеш и Пато
Ова е втор меч што репрезентацијата Бразил го игра на подготовките во Англија, и како и во првиот против Иран кого го совладаа со 3:0, и во понеделник навечер против Украина извојуваа лесна победа. Првиот гол беше постигнат во 23. минута, со спектакуларен волеј на Дани Алвеш, а во воторото полувреме во 64. минута Александре Пато без многу напор го постави конечниот резултат. Пред 13 илјади гледачи на градскиот стадион во Дерби, бразилските репрезентативци доминираа во текот на целиот меч повеќе внимание посветувајќи на атрактивноста во играта на задоволство на публиката. Што се однесува до Украина, нејзините фудбалери тешко се состануваа со топката, а во ретките напади тргнуваа неорганизирано и без идеја. Вечерашниов меч во Англија потврди дека украинскиот репрезентативен фудбал е во длабока криза, откако и во саботата на домашен терен извлекоа 2:2 против Канада.Инаку Дерби и „Парк стадиум“ беа одбрани за одигрување на вечерашниов меч, затоа што во овој град живеат најмногу Украинци во Англија. Бразил настапи со Виктор, Дани Алвеш, Тиаго Силва, Давид Лиуз, Андре Сантош, Адриано, Рамирес, Сандро, Лукаш, Елиоас, Весли, Пато, Нилмар, Карш Едуардо, Џулиано, Робињо и Андре.За Украина одиграа Дикан, Мануџиук, Федецкиј, Кучер, Романчук, Тимошчук, Ротан, Гусев, Худобиак, Алиев, Полејови, Гаи, Милевскиј и Селезњов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.