Спорт
Голем пресврт, пропадна продажбата на Ливерпул
Откако високиот суд во Лондон ја одобри продажбата на англискиот фудбалски гигант што беше со одушевување дочекана од навивачите, американски суд во Тексас побара запирање на купопродажбата на Ливеруп
Барањето на судот од Тексас за стопирање на целиот процес на купо-продажбата на Ливерпул дошло во моментите кога во тек била последната завршна фаза од реализација на договорот. Судот своето барање го заснова до заклучувањето на спорот во кој досегашните сопственици Том Хикс и Џорџ Џилет бараат трајна забрана за продажба на клубот, пренеусваат во четврток навечер британските медиумии. Меѓутоа, се уште не е јасно кој суд ја има јурисдикцијата над целиот случај, и додека не се утврдат деталите, продажбата на Ливерписл сепак е запрена.На почетокот од седмицата судот во Лондон го одобри продавањето на клубот на американскат акомпанија New England Sport Ventures (NESV), којашто е сопственик и на амејиканскиот бејзбол клуб Boston Red Sox. NESV за Ливерпул нуди 350 милиони фунти, но досгашните сопственики Хикс и џилет сметаат дека тоа е премалку. Главната причина зашто Ливерпул се најде на суд е долгот од 237 милиони фунти кон Royal Bank of Scotland каде Џилет и Хикс земале кредит но не ги враќале парите.Овој американски сопственички тандем на еден од најславните британски и европски фудбалски клубови најави дека ќе ги тужат членовите на Управниот одбор на Ливерпул, банката којашто ги контролира клупските долгови и потенцијалните нови сопственици, односно компанијата New England Sports Ventures за сума поголема од милијарди финту. „Разочаран сум што Хикс и Џилет се обидуваат да го запрат процесот на продажба, а на суд никогаш не знаете штро ве очекува. Управата повторно ќе се состане, но за тоа не сакам ништо да прејудицирам“, изјавил Мартин Брајтон, првиот човек на управата на Ливерпул и на British Airways.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар, славеа гостите
Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување со 1:2.
Натпреварот кој се играше на 14 април беше прекинат во 72. минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ендика колабираше на теренот. Вечерва се одиграа преостанатите 18 минути.
Од 72.минута дуелот продолжи со резултат 1:1. Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.
На двете екипи им беа неопходни бодови, Удинезе бидејќи се бори за опстанок, Рома е во трака за место Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17. место со 28 бодови, колку шт има и Фросиноне.
Спорт
„Де Брујне подобар од Лампард, Сколс и Џерард“
Кевин Де Брујне, „мозокот“ на Манчестер Сити е најдобриот офанзивен играч за врска во Премиер лигата, смета поранешниот англиски репрезентативец и поранешен играч на Вест Хем, Челзи и Ливерпул, Џо Кол.
Според Кол, Де Брујне не е најдобар само во оваа ера, туку и воопшто, подобар дури и од големите англиски ѕвезди и легенди на Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Тој е главниот кум меѓу офанзивните играчи од средниот ред во светскиот фудбал. И понатаму мислам дека тој е најдобар во моментов. Кевин Де Брујне е над секој играч од средниот ред во историјата на Премиер лигата. Навистина го мислам тоа. Тука ги вклучувам Френк Лампард, Пол Сколс, Стивен Џерард и сите останати“, изјави Џо Кол и предизвика мал земјотрес меѓу навивачите на овие клубови.
Нема потреба да се споменува што значи Френк Лампард за навивачите на Челзи, колку е ценет Пол Сколс на „Олд Трафорд“ и каква икона е Стивен Џерард на „Енфилд“.
Тешко е да се каже дали Кевин Де Брујн е најдобриот на сите времиња, но неговите настапи во дресот на Манчестер Сити се потврда дека тој секако е еден од најголемите.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.