Спорт
Јуве и Палермо најуверливи во Серија А
Во 7-то коло од италијанскиот фудбалски шампионат Јувентус против Лече со 4:0 и Палермо со 4:1 против Болоња ги постигнаа најуверливите победи, додека Сампдорија со пресврт против Фиорентина дојде до три бода
Јувентус навестува дека полека излегува од кризата на почетокот на сезоната, па во серија освоија седум бодови, по победата против Каљари со 4:2 и реми кај шампионот Интер 0:0 новите три бода се освоени со супериорна игра против Лече и со 4:0. Стрелци за „Старата дама“ беа Аквилани во 13., Мело во 34. од пенал, Кварљарела во 44. и Алесандро Дал Пјетро, во 82, минута. Ветеранот одигра ги последните последните 20 минути од мечот постигнувајќи убав гол погодувајќи во горниот лев агол од противничкиот гол.Палермо со 4:1 ја совлада Болоња, остварувајќи ист учинок како и Јувентус во последните три кола – две победи и реми, со што се искачи на високата пета позиција на табелата со 11 бодиви. Притоа Палермо е најефикасната екипа во досегашниот тек од Серија А со 14 постигнати голови. Головите ги постигнаа Пасторе во 17., Илчич во 24., Пинила во 47. и Бачиновиќ во 83. минута, а за гостите намалија на 1:3 преки Марко Диваио во 66. минута. Интересен меч одиграа Сампдорија и Фиорентина. Гостите од Фиренца поведоа уште од 6. минута а Сампдорија за само две минути, во 81. преку Циглер и во 82. минута со погодокот на Касано направи целосен пресврт.Наполи на гостувањето кај Катанија го изгуби водството и освои бод во ремито 1:1. Кавани за гостите повторно беше прецизен во 39. минута постигнувајќи го својот шести првенствен гол со што се изаедначи на Самуел Ето кој со погодок во истата минута му ја донесе победата на Интер кај Каљари. Сепак, одбраната на наполитанците не издржа и капитулираше и во 69. минута беше матирана од Гомез. Удинезе со голот на Коради во 80. минута на гостувањето кај Бреша освои три бода. Чезена и Парма ги поделија бодовите 1:1, а головите ги постигнаа Богдани во 17. минута ги доведе домашните во водство, а за гостите изедначи Закардо во 28. минута. Седмото коло во италијанскиот шампионат вечерва го затвораат Бари и Лацио кој со победа може да се врати на првата позиција каде засега се градските ривали Интер и Милан со 14 бодови, а лацијалите имаат 13.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.