Спорт
Лацио не го дава врвот на Серија А
Во мечот од 8-то коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Лацио пред 35 илјади гледачи со 2:1 го победи Кањари со што остана на врвот на табелата
Во мечот на „Олимпико“, „бјанкочелестите“ ги освоија трите бода, со многу подобра игра особено во првиот дел, кога можеа да направат поголема разлика, но промашија повеќе убави можности. Водството за домаќините го донесе Серџо Флокари во 21. минута а на 2:0 зголеми Стефано Маури во 53. минута. Каљари набрзо во 59. минута намали преку Алесандро Матри, но до крајот на мечот гостите се обидуваа да дојдат до бод создавајќи неколку добри прилики. Болоња и Јувентус пред 28 илјади гледачи на „Ренато Делла Ара“ одиграа без голови, како што играа и Парма и Рома. Удинезе со 2:1 го совлада Палермо, со головите на Бенатиа во 9. и Ди Натале од пенал во 54. минута., додека за гостите во 83. минута намали Пинаиља.Киево по неизвесна борба ја совлада Чезена на домашен терен. „Летачките магирања“ поведоа во 31. минута преку Цезар, а гостите изедначија во првата минута од судиското надополнување во првиот дел преку Гуана. Киево дојде до трите бода на сличен начин, кога во првата минута од судиското надополнување на мечот кога прецизен беше Терео.Џенова ја совлада Катанија со голот на Роси во 68. минута.Лече направи целосен пресврт на домашен терен, откако во 19. минута Бреша поведе преку Карачоло. Во второто полувреме Офере во 54. и Ди Микеле во 61. минута ги постигна двата гола за победата на Лече. Во вечерниот термин играат Интер и Сампдорија, а во понеделник Наполи и Милан.Во саботата Фиорентина со 2:1 го совлада Бари. Лацио со 19 бодови го држи врвот во Серија А, каде ќе остане и откако и Интер и Милан ќе ги завршат своите мечеви од деветтото коло, бидејќи и со победа би имале 17 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.