Спорт
Виљреал се врати на второто место во Ла Лига
Во последниот меч од 8-то коло на шпанското првенство Веиљареал на домашен трен без поголеми проблеми го совлада Атлетико Мадрид, со што ја мина Барселона на втората позиција заради подобра гол разлика
Во меч во кој доминираше домашниот состав, головите за на „Ел Мадригал“ ги постигнаа Кани во 9. и Роси во 52. минута.Виљареаил има ист број победи како и водечкиот Реал Мадрид и третопласираната Барселона, по шест, но заради едниот пораз има бод помалку од „кралевите“ кои имаа две ремија, а од каталонците има за два гола подобра гол-разлика. Ефикасната недела во шпанската прва лига (20 голови на шест натпревари, што е повеќе од три гола по меч во просек) ја отворија Севиља и Атлетик Билбао кои одиграа ефикасен и возбудлив меч кој заврши со победа на домаќините од 4:3. Покрај тоа, куриозитет е што на мечот во Севиља вечерва имаше и тројца двојни стрелци. Кај Севиља тоа беа Лиуш Фабиано во 35, и 62. минута, и Фредерик Кануте кој двапати прецизно изведе најстрога казна, во 45. и во 80. минута. Кај баскијците Фернандо Љоренте погоди двапати, во 74. минута и во 77-та откако во првиот шут не искористи пенал. Третиот гол за гостите го постигна Габилондо во третата минута од судиското надополнување. Еспањол и натаму на свој терен не знае за пораз, а четвртата победа по ред пред своите навивачи ја постигна против Леванте со 2:1. Стрелци а домаќините беа Датло во 12. и Каљехон во 80. минута, додека гостите намалија во 83 минут апреку Струани.Хетафе го совлада убедливо Спортинг со 3:0, со головите на Боатенг во 8., Колунга од пенал во 50. и Макрано во 59. минута. Со истиот резултат и Осасуна дома ја нагости Малага, поведувајќи уште во 2. минута од пенал преку Некоунам, а потоа во 37. Масуд и во 55. минута Аранда се погрижија да нема дилеми дека трите бода ќе останат дома.Гостите во недела освоија само еден бод, и за тоа се погрижи Херкулес кој кај Алмериа водеше од 38. минутасо голот на Валде, но потклекна во 84. минута кога за домашните спаси бод Улоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.