Спорт
Историски успех за македонското карате
Жарко Арсовски во најтешката категорија плус 84 килограми, во борба за бронзениот медал го совлада Русинот Камит Тебоев, со што на Македонија и го донесе првиот медал од светските рпвенства
Еден од најдобрите македонски каратисти, Жарко Арсовски, вдахновено влазе во дуелот со Камит Табоев, од првиот момент настојувајќи да го оствари најзначајниот успех во неговата досегашна кариеара и воопшто исклучителен миг за радост во македонскиот спорт. Арсовски едноставно го декласира својот ривал, доминирајќи во сете четири минути минати на татамите на „Белградска Арена“, освојувајќи поен по поен за на крајот на семафорот да стои убедливи и чисти 4:0. За својот доминантен настап Арсовски доби аплаузи од повеќе од шест илајди присутни гледачи, и на Македонија и го донесе првиот трофеј од Мундијалите. Со оваа победа Арсовски го заокружи навистина импресивниот настап на 20-то Светскоо првенство во карате, на кое не беше совладан од ниеден ривал. Поединечно оствари вкупно пет победи, на стартот со Кореанецот Ким, потоа против Канаѓанецот Соуза. Единствениот пораз го претрпе од Египќанецот Мохамед, дури по судиското изјаснување, по што во репасажните борби беше подобар од Аргентинецот Рекусо, а потоа и од Италијанецот Манискалко.Вклучувајќи ги и екипните борби, Арсовски во Белград имаше вкупно девет настапи, во кои оствари седум победи, и по еден нерешен резултат и пораз. Жарко Арсовски годинава стана и медитерански шампион на натрпреварите во турското одморалиште Кушадаси, а минатата година стана светски студентски првак на турнирот во шпанска Кордоба.Досегашен најдоабр резултат на светските првенства на македонските каратисти беше петтото место освоено во Мексико 2004 г., успех што го постогна постар брат на Жарко, Сашко Арсовски. Со бронзениот медал се одбележува уште една успешна сезона за македонското карате, во која на Европското првенство во Атина, Огнен Груевски освои бронзен медал, а на Светското првенство за јуниори, Берат Јакупи освои златен медал. На јубилејниот 20. светски шампионат настапија вкупно 1.260 каратисти од 88 земји, меѓу кои 22 од Македонија. Натпреварите завршуваат во недела со настапите во кати, поединечно и екипно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.