Спорт
Голема победа на Јуве во Милано
И во второто гостување во Милано, „Старата дама“ успеа да остане непоразена, но за разлика од дуелот со шампионот Интер кога играше без голови, во саботата навечер со 2:1 против Милан го сови целиот плен
Како и што се очекуваше, без разлика на моменталните форми на играчите и позициите на табелата, средбите меѓу Милан и Јувентус секогаш претставувале настан околу кој се врти вниманието на целиот фудбалски свет. Така беше и овојпат, и двете екипи влегоа максимално мотивирани како за дерби а крајниот исход од 2:1 во полза на гостите од Торино можеше да биде и сосема обратен, особено ако Златан Ибрахимовиќ искористеше барем една од своите шанси.Јувентус на „Сан Сиро“ пред околу 80 илјади гледачи истрча без суспендираниот мотор на екипата Милош Красиќ и без повредениот Винченци Јакинта, па затоа на гостите им беа давани помали шанси, иако за Милан не настапи Роналдињо кој во последните натпревари даде тон на играта на „росонерите“.Мечот започна со доминација на и со големата шанса на Ибрахимовќ кој од 16-ина метри изведе прекрасен удар кон гостинскиот гол но топката заврши на рамката на местото од спојувањето на дирекот и пречката. Но како што одминуваше времето Јуве успеваше да ги покрие своите недостатоци и да парира на упорноста на домашните фудбалери. Така во 24. минута, ентузијазмот на играчите и навивачите на Милан доживеа студен туш откако Фабио Квараљера на нафрлена топка во шеснаесетникот на „росонерите“ го надвиси во скокот Антонини и со глава го матираше немоќниот голман Абиати.Милан во продолжението ја продолжи истата игра со опасни напади и полушанси, но и Јувентус се’ почесто возвраќаше со иста мерка. Така беше до 66. минута кога торинската легенда Алесандро Далпиеро не го постигна вториот гол за гостите. Тоа беше негов седми гол во 25-те дуели меѓу овие два клуба и воедно негов 200-ти погодок во Серија А. Ибрахимовиќ на спротивната страна дури во 82. минута со глава успеа да ја затресе мрежата на својот поранешен клуб од кој замина во Барселона, со што малку ги подгреа надежите на домашните. Сепак до крајот на мечот фудбалерите на Милан и покрај притисокот и големата желба не успеаја да постигнат израмнување со што го претрпеа и вториот годинешен пораза во италијанското првенство а прв на домашен терен. Поразот го закова Милан на третото место со 17 бодови, испуштајќи ја шансата да го мине вториот Интер кој има 18 и водечкиот Лацио кој има 19 бодови но и меч помалку. Јувентус пак во 9-те кола собра 15 бодови и барем до недела ќе биде на четвртата позиција. Во претходниот саботен меч од деветтото коло од Серија А, Рома на „Олимпико“ го совлада Лече со 2:0. Но цехот за оваа победа го плати со црвениот картон на Тоти кој така ќе го пропушти големото градско дерби со Лацио во следното коло. Франческо Тоти беше исклучен во 77. минута од мечот веднаш по вториот кол на неговата екипа, заедно со противничкиот играч Рубен Оливера со кого покрај вербалниот дуел се обидоа и повеќе да се дообјаснат. Инаку токму Тоти му асистираше на Мирко Вуиниќ во 76. минута кога овој го постави конечниот резултат од 2:0. Претходно „Римската волчица“ дојде во водство во 61. минута преку Бурдисо. Рома сега е седма со 12 бодови, а Лече остна азасега на 11-тата со исто толку бодови . Во петокот шампионот Интер со голот на Мунтари во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме ги однесе трите бода во мечот со домашната Џенова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.