Спорт
Монако и Бордо ги поделија бодовите

Монако и Бордо го одиграа одложениот натпревар од 11. коло во фудбалскиот шампионат на Франција. На стадионот „Луј Втори“ двете екипи освоија по еден бод, играјќи 2:2.
Гостите од Бордо го открија резултатот со автоголот на Траоре, израмни Парк, а целосен пресврт и предност на Бордо му донесе Котадер. Истиот играч во 84 минута поради два жолти картони пред време го заврши натпреварот. Еден бод Бордо освои со погодокот на Жусие во 74 минута од натпреварот.
По 11. кола Монако остана при дното на табелата, на 18-то место, со десет освоени бодови. Монако во 11 кола дури седум пати одигра нерешено.
Бордо со освоениот бод остана на деветото место на табелата. Шампионот на Франција од предминатата сезона заедно со Лил и Олимпик Лион имаат по 15 бодови. крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Катар ги стопира Аргентинците, сега има надеж и за Хрватите!

Катар го издржа фуриозниот напад на Аргентинците во првото полувреме за во интересна завршница да ги совлада Јужноамериканците со 26:25 и да ги заддржи надежите за пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Египет и во исто време да ги остави Хрватите во живот.
Аргентина имаше огромно водство во првото полувреме, но Катарците полека се вратија во игра до крајот на полувремето пред потоа да ја преземат контролата на мечот. Сепак, неизвесно беше до самиот крај кога Аргентинците имаа шанса со гол да стигнат до реми и до пласман во четврт-финалето.
Сега последниот патник меѓу најдобрите осум репрезентации на светот ќе се одлучува на мечот Данска – Хрватска во 20.30 часот. Доколку Хрватите успеат да стигнат до победа над првопласираниот тим во групата, ќе се пласираат во четврт-финалето, каде што ќе играат со Шведска. Меѓутоа, доколку одиграат нерешено или загубат, тогаш Катар се пласира понатаму.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 27.1.
Данска – Египет
Шведска – Втора група второпласиран
Шпанија – Норвешка
Франција – Унгарија
СП РАКОМЕТ 2021, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 1
Бразил – Уругвај 37:17 (18:7)
Шпанија – Унгарија 36:28 (21:14)
Полска – Германија 20.30 ч
Табела: 1. Шпанија 9, 2. Унгарија 7, 3. Германија 4, 4. Полска 4, 5. Бразил 3, 6. Уругвај 0
ГРУПА 2
Бахреин – Јапонија 25:29 (12:19)
Аргентина – Катар 25:26 (13:12)
Данска – Хрватска 20.30 ч
Табела: 1. Данска 8, 2. Катар 6, 3. Аргентина 6, 4. Хрватска 5, 5. Јапонија, 6. Бахреин 0
Спорт
Ексфудбалерот на Ливерпул, Агер, демантира дека е уапсен во Москва

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Даниел Агер, мораше да демантира дека бил уапсен во Москва на протести против претседателот Владимир Путин, како што јавија некои од руските медиуми.
Руските извори тврдеа дека Агер бил уапсен во саботата во Москва на протест за поддршка на Алексеј Навални, лидерот на опозицијата, кој беше затворен по враќањето во Русија, а дури се појавија и документи со името „Д М Агер“, кој се појавил пред судот во Москва.
Сепак, бизарната приказна стана уште побизарна кога рускиот портал „База“ потврди дека се работи за Дмитриј Кендрел, човек што го сменил своето име во чест на данскиот репрезентативец во 2009.
„Има некоја конфузија. Никогаш не сум кажал дека има само еден Даниел Агер, а сега тоа се потврди. Даниел Агер во Москва не сум јас. Јас сум добро и сум во Шпанија“, напиша Агер на „Твитер“.
“There is a bit of confusion out there. I have never said: “ There is only one Daniel Agger.” And now we know for sure. The Daniel Agger mentioned in an incident in Moscow is not me.” I’m safe and sound in Spain ☀️🇪🇸
— Daniel Agger (@DanielAgger) January 25, 2021
Спорт
Куриер: Дајте му нова шанса на Ѓоковиќ

Поранешниот светски рекет број 1, Џим Куриер, вели дека австралиската јавност мора да му даде нова шанса на Новак Ѓоковиќ по контроверзите за наводната листа на барања, што ја објавил српскиот и светски рекет број 1.
Ѓоковиќ е еден од 72-те тенисери и тенисерки што беа принудени да бидат во карантин во Австралија откога во нивните чартер-летови имаше позитивни луѓе на Ковид-19 и тој побара од властите подобра храна за тие што се во карантин во хотелите и можност да се преселат во приватни куќи со тениски терени. Австралиските власти веднаш го одбија ова, а 17-кратниот освојувач на гренд слем турнири мораше да се правда дека не е себичен, тежок и неблагодарен.
Куриер вели дека Австралијците не треба да се престроги кон Србинот.
„Новак сакаше да застане зад другите тенисери тука во Австралија. Тој сакаше да биде лидер и тоа лошо се протолкува во јавноста и се надевав дека Австралијците ќе му дадат шанса барем да објасни што мислеше. Тој е чувствителен кон јавното мислење и се обидува да се докаже. Според тоа што го направил на теренот, треба да е миленик на публиката, но пристигна на сцената кога многу фанови решија да навиваат за Федерер или Надал“, вели Куриер.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот