Спорт
Четири репрезентации без пораз влегоа во втората рунда

Заврши првата рунда на СП во одбојка за жени во Јапонија по која од четирите групи по две репрезентации се простија од натамошните натпревари, а по четири најдобро пласирани репрезентации од секоја група влегоа во втората рунда. Во двете новоформирани групи по осум репрезентации важат бодовите од првата рунда и во нив без порази има само четири селекции, Јапонија и Русија во групата Ф и Бразил и САД во групата Х ,влегоа со по максимални 6 бодови. Првенството заврши за Коста Рика, Алжир, Порторико, Кенија, Хрватска, Казахстан, Доминиканска Република и Канада. Резултати 5. коло:Група А: Јапонија – Србија 3:1, Перу – Коста Рика 3:1, Полска – Алжир 3:0. Табела: Јапонија 10, Србија 9, Полска 8, Перу 7, Коста Рика 6, Алжир 5. Група Б: Бразил – Италија 3:0, Холандија – Порторико 3:0, Чешка – Кенија 3:0. Табела: Бразил 10, Холандија 8, Италија 8, Чешка 8, Порторико 6, Кенија 5. Група Ц: Хрватска – Казахстан 3:0, Германија – Тајланд 3:0, САД – Куба 3:1. Табела: САД 10, Германија 9, Куба 7, Тајланд 7, Хрватска 7, Казахстан 5. Група Д: Доминиканска Република – Канада 3:1, Ј. Кореја – Турција 3:1, Русија – Кина 3:0. Табела: Русија 10, Ј. Кореја 9, Турција 8, Кина 7, Доминиканска Република 6, Канада 5. Изглед на новоформираните групи:Група Е: Русија 6, Јапонија 6, Србија 5, Кореја 5, Полска 4, Турција 4, Кина 3, Перу 3.Група Ф: Бразил 6, САД 6, Германија 5, Куба 4, Холандија 4, Чешка 4, Италија 4, Тајланд 3.. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Папата честиташе на Специја за лудата победа над Рома

Фудбалскиот клуб Специја имаше приватна аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, каде што првиот човек на католичката црква им честиташе за победата над Рома во Копа Италија.
Клубот останува во Рим неколку дена бидејќи повторно ќе играат со Рома во Серија А овој викенд, и го искористија тоа да му подарат на папата дрес на Специја.
„Прво, честитки бидејќи имавте голема победа вчера. Во Аргентина ние го танцуваме тангото со 4-2 музика. Вие победивте со 4:2! Честитки и храброст до вас. Спортот е прекрасна работа, бидејќи го носи најдоброто од нас. Продолжете така“, изјави папата.
Complimenti e coraggio!
Con queste parole, @Pontifex_it ha accolto lo #SpeziaCalcio al gran completo, ricevuto questa mattina in udienza privata nelle stanze vaticane➡️ https://t.co/saNErz4HU4 pic.twitter.com/87Rc8jLXWZ
— Spezia Calcio (@acspezia) January 20, 2021
Специја ја елиминираше Рома во драматичен меч со два црвени картони за 30 секунди
Спорт
Египет ги декласираше Русите, Франција со четири победи во четири меча

Домаќинот на Светското првенство во ракомет, Египет, стигна до импресивна убедлива победа од 28:23 над Русија за да си ги зголеми шансите за пласман во четврт-финалето на Мундијалот, додека „вечниот“ фаворит, Франција, повторно беше неубедлив, но се врати за 29:26 победа над Алжир за четврта победа во четири меча на шампионатот.
Египет и Русија почнаа израмнето во првите десетина минути од мечот, по што Египет полека ја презеде контролата, за со 5:0 серија во финишот на полувремето да направи предност од седум гола (15:8), која Русите не успеаја да ја достигнат во подоброто второ полувреме. Шабиб со осум и Елахмар со седум гола беа лидери на Египет, додека Французите, пак, имаа лош старт против Алжир, пред да се соземат и да направат два гола предност на полувреме (16:14), која ја одржаа до средината на второто полувреме, кога африканската репрезентација повторно израмни. Сепак, искуството го направи своето и „триколорите“ сега се фаворити за пласман во четврт-финалето од својата група. Фабрегас, Мае и Мем имаа по четири гола за Французите.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 3
Швајцарија – Исланд 20:18 (10:9)
Франција – Алжир 29:26 (16:14)
Португалија – Норвешка 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 6, 2.Португалија 4, 3.Исланд 2, 4.Норвешка 2, 5.Швајцарија 2, 6.Алжир 0
ГРУПА 4
Македонија – Словенија 21:31 (9:13)
Русија – Египет 23:28 (8:15)
Шведска – Белорусија 20.30 ч.
Табела: 1.Шведска 4, 2.Словенија 4, 3.Египет 4, 4.Русија 3 5.Белорусија 1, 6.Македонија 0
Спорт
Умар Нурмагомедов го остави Морозов во несвест во УФЦ дебито

Умар Нурмагомедов, братучедот на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб, ја оствари својата прва УФЦ победа на спектакуларен начин, „давејќи“ го поранешниот М-1 Глобал шампион, Сергеј Морозов на „Островот на борбите“ во Абу Даби.
Првата рунда беше конкурентна и иако Нурмагомедов покажа добар микс на удари, соборувања и транзиции, Морозов добро се држеше и самиот упати одлични удари. Во втората, 24-годишниот Нурмагомедов со нога го погоди Морозов во глава, и насоката на мечот се смени и Морозов немаше шанси, на крајот останувајќи во несвест по крајот на мечот.
Со братучедот Хабиб покрај рингот, Нурмагомедов го подобри својот скор во ММА борбите на 13-0, додека Казахстанецот Морозов доживеа пораз по пет победи во низа.
Lo duerme!!!! @UmarNmgdv somete a Sergey Morozov en round 2! #UFCFightIsland8 pic.twitter.com/FS8r6EZ15e
— ufcespanol (@UFCEspanol) January 20, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот