Спорт
Убедливи победи на Олимпијакос и Валенсија

Одиграни се седум натпревари во кошаркарската Евролига, на сите од нив победи забележаа домашните екипи. Во Ц групата, Монтепаски го задржа максималниот ефект и по третото коло.
Во Сиена, Монтепаски ја победи Цибона со 80:57. Македонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб на паркетот мина 22 минути, за тоа време постигна 14 поени, на кои продаде еден скок и 4 украдени топки.
Во А групата, Химки и го нанесе првиот пораз на Каха Лаборал, во победата од 64:60, Легфорд постигна 19, Езе 14, а Планиниќ 13 поени. Во оваа група во драматичен меч, дури по дополнителните пет минути, Жалгирис го совлада Проком со 74:68.
Во Б групата Олимпијакос ја растури Уникаха победувајќи ја со 93:66. Бурусис и Папаниколау со по 17 поени беа најефикасни во победничката екипа. Бамберг ја забележа втората победа во новата сезона откако на домашен паркет ја победи Шарлроа со 79:69.
Во Д групата, во Истанбул, Ефес Пилсен лесно се справи со Армани Џинс. Ракочевиќ постигна 16, а Тунчери 15 поени во победата на Ефес од 82:74. Во вториот меч во оваа група, Валенсија убедливо ја совлада ЦСКА Москва со 82:57.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лампард: Разочаран сум што не добив повеќе време

Френк Лампард од вчера повеќе не е тренер на фудбалерите на Челси. Лампард во соопштението, со кое се обрати на јавноста, напишал дека е „разочаран што немал време да го поведе клубот напред“.
Лампард, 18 месеци беше тренер на „сините“, замина во моментот кога тимот се наоѓа на деветтото место на табелата.
„Кога ја прифатив оваа работа знаев дека се соочувам со големи предизвици, клубот минуваше низ тежок период. Горд сум на она што го остварив, горд сум на играчите од Академијата кои зачекорија во првиот тим кои играа добро. Тие се иднината на клубот. Разочаран сум што немав време оваа сезона да одиме напред, жалам што немав време да го однесам клубот на едно повисоко ниво“, напипал Лампард.
Најдобриот стрелец во историјата на Челси (211 голови), во јули 2019 година, го замени Маурицио Сари на менаџерската позиција, кога потпиша тригодишен договор.
Во својата прва сезона го освои четвртото место во Премиер лигата и играше во финалето во ФА купот.
Оваа сезона, Челси, на последните осум натпревари забележа пет порази, поради што Роман Абрамович реши да ја прекине соработката со тренерот Лампард.
Британските медиуми тврдат дека нов тренер на Челси ќе биде 47-годишниот Германец, Томас Тухел.
Спорт
Тотенхем со три гола во седум минути го помина Вајкомб

Тотенхем со 4:1 славеше на гостувањето кај Вајкомб во четвртото коло од ФА купот, иако губеше од 25. минута, а до 86. минута беше израмнето 1:1!
Фред Оњедимна ги донесе второлигашот во водство во 25. минута, пред Герет Бејл, кој имаше редок старт за Спарси оваа сезона во 45. минута да израмни на 1:1. Кога домаќините се понадеваа дека е можно да одат на продолженија и пенали, Тотенхем врати со три гола за само четири минути.
Хери Винкс во 86. минута и Танги Ндомбеле во 88. минута и 93. минута обезбедија тимот на Жозе Мурињо да добие пресметка со Евертон во 1/16 финалето на најстарото клупско натпреварување на светот.
Спорт
Червар по дебаклот против Данска: Ова не е неуспех, туку е реалноста

Хрватска го доживеа еден од најголемите порази во својата славна ракометна историја, откако во меч кој мораа да го добијат за четврт-финале, загубија со 12 гола разлика (38:26) од Данска, но селекторот во заминување, Лино Червар вели дека не се работи за некаков неуспех, туку за реална состојба во репрезентацијата.
„Во првото полувреме игравме добро, одбраната не беше толку силна, но изддржавме. Потоа ни недостасуваше сила и не одеше. Честитки за момците, се трудеа и тие кои играа помалку, но Данска беше едноставно подобра. Ова не е неуспех, туку е реална состојба. Ја само би кажал нешто. Кога сакам некого кој не сака, тоа не е некој успех. Треба да ги сакаме луѓето кои не не сакаат, кои сакаат да не понижат и минимизираат, но тоа не е добро. Не може да ни биде подобро без милосрдие, тоа е важно за нашата иднина“, заврши филозофски Червар.
Сега во Хрватска секако ќе следуваат бесконечни расправии и дискусии околу иднината на нивната репрезентација, почнувајќи од тоа кој треба да го замени Червар.
Историски „распад“ на Хрватска против Данска, Катар во четврт-финале
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот