Контакт

Спорт

Клемон ја мина првата рунда во Париз

Објавено пред

На Мастерс турнирот во Париз, чиј награден фонд изнесува 2,75 милиони евра, одиграни се седум мечеви од првото коло. Во дуелот на двајца ветерани, Арно Клемон го совлада Фелисијано Лопез со 2:1 (6:7, 7:6, 6:3).

Домашниот тенисер, Клемон, во второто коло за противник повторно ќе има тенисер од Шпанија, Фернандо Вердаско.

Сантијаго Хилардо кој до главниот турнир стигна преку квалификациите го победи Тимо де Бакер со 2:1 ( 6:7, 6:4, 7:5) и во следното коло ќе игра против Јирген Мелцер.

Првото коло го минаа Радек Штепанек, Фабио Фоњини, Микаел Лодра, Бенџамин Бекер и Ришар Гаске.

Штепанек загуби само два гема (6:2, 6:0) во дуелот со Мајкл Расел, негов следен ривал ќе биде Николас Алмагро. Фоњини во втората рунда ќе игра против седмиот носител Давид Ферер, откако со 2:1 во сетови го победи Мехаел Берер.

Бенјамин Бекер со идентични 6:4 во двата сета го елиминира Денис Истомин и се избори за меч со Гаел Монфилс. Во француската пресметка Ришар Гаске со 2:1 (7:5, 4:6, 7:6) го совлада Николас Масу. Гаске во следното коло ќе игра против Роже Федерер.

Микаел Лодра немаше тешка задача против Портито Стараче, победа од 2:0 (6:4, 6:1), негов следен противник ќе биде Џон Иснер.крај/ап/н.ц.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Обамејанг се „поправи“, Арсенал лесно со Њукасл!

Објавено пред

Пјер-Емерик Обамејанг во првото полувреме го имаше можеби своето најголемо промашување на празен гол во кариерата, но одговори со два гола во вторите 45 минути за да ги предводи Арсенал до 3:0 победа над Њукасл, четврт триумф во последните пет премиерлигашки дуели на тимот на Микел Артета.

На стартот на мечот, Обамејанг, успеа да промаши буквално празен гол од одлична ситуација, разочарувајќи ги навивачите на Арсенал, но по полувремето се врати освежен на теренот и капитенски во 50-тата минута го донесе очекуваното водство на домаќините.

Младиот Букајо Сака ја продолжи одличната сезона со гол во 60-тата минута, а Обамејанг во 77. минута стави точка на натпреварот со својот втор гол. Арсенал сега е на 10. место со 27 поени, но само на седум поени од топ 4 пласман, додека Њукасл се 15. со 19 поени.



Кога не оди, не оди! Обамејанг промаши (буквално) празен гол

Прикажи повеќе...

Спорт

Златан-шоу на Сардинија – два гола, неверојатна атракција и Милан на +3

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ има 39 години. Тоа е факт што никако не ни оди во глава, откако шведскиот ветеран го одигра својот прв цел меч по повредата и беше првата ѕвезда на Милан при 2:0 победата на гостувањето кај Каљари, покажувајќи колку е бесценет за тимот на Стефано Пиоли во неочекуваната битка за скудетото.

Ибрахимовиќ уште во седмата минута го направи своето, откако беше фаулиран во шестнаесетникот на домаќините, и сигурно го реализираше пеналот. Дека е расположен за игра, покажа во 16-тата минута, кога ја имаше следната неверојатна асистенција, како што само тој умее.

Ако тоа не беше доволно, во 51. минута, тој ја наттрча одбраната на противникот (да потсетиме – 39 години), и постигна уште еден убав гол за да го осигура триумфот на Милан, кој со победата повторно е на +3 од градскиот ривал Интер по 17 кола во италијанската Серија А. Каљари, пак, има лоша серија од пет порази во низа и е на 17. место со 14 поени, само еден поен од зоната за испаѓање.



Прикажи повеќе...

Спорт

Звезда го победи Реал сред Мадрид!

Објавено пред

Кошаркарите на Црвена звезда стигна до импресивна 79:77 победа на гости кај Реал Мадрид, во одложениот меч од 19. коло од Евролигата, прекинувајќи ја низата од два порази.

Звезда ја загуби контролата на мечот во последната четвртина, но успеа да изддржи за голема победа. Кори Волден го предводеше српскиот тим во првото полувреме (45:40) со 16 поени, но клучните 10:0 за Звезда се случија на крајот на третата четвртина, кога од 60:58 поведоа со 70:68 предводени од Огњен Добриќ.

Шпанскиот клуб се обиде да се врати со неколку тројки, а по неспортската лична грешка на Бранко Лазиќ се повреди Руди Фернандез, но Реал го намали водството на 76:73. Тогаш одбраната на гостите успеа да го изддржи притисокот, а Џејси Керол не успеа да примора продолжение.

Волден заврши со 18 поени, Добриќ со 13, додека Фернандез со 11 беше најдобар за Реал. Звезда сега има 7-13 скор, а Реал Мадрид 13-7, откако беа поразени само вторпат во последните девет меча.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет6 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт7 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија7 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет8 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија10 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет10 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија11 час

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ12 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија12 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија13 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа13 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет14 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион14 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет15 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет15 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет15 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет1 ден

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ1 ден

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет1 ден

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Досие