Спорт
Милан нов лидер во Серија А

Екипата на Милан е нов лидер во Серија А. Во 11. коло Милан на домашен терен го победи Палермо со 3:1, и благодарение на поразот на Лацио во Чезена од 1:0 се искачи на врвот на табелата.
Милан со головите на Пато, Ибрахимовиќ од пенал и Робињо ги освои бодовите против Палермо. Лацио во Чезена падна од белата точка во 85 минута, Марко Пароло го постигна голот.
Милан на врвот има 23 бода, Лацио бод помалку, на третото место со 21 бод сега е Наполи. Наполитанците на Сардинија го победија Каљари со 1:0, единствениот гол го постигна Лавеци во 90-та минута од натпреварот.
Интер со Горан Пандев во екипата одигра само 1:1 во Лече. Актуелниот првак на Италија поведе во 76-та минута преку погодокот на Милито, три минути подоцна резултатот го израмни Оливера.
Во дербито Рома со 3:2 ја победи Фиорентина, со оваа победа римјаните се искачија на шестото место на табелата со 18 бодови, бод повеќе на петтото место има Јувентус. „Старата дама“ одигра реми 1:1 во Бреша, Кваљарела погоди за Јуве, бод на Бреша и донесе Дијаманти.
Минимални победи на домашен терен од 1:0 забележаа Џенова против Болоња, односно Катанија против Удинезе. Без победник заврши дуелот на Киево и Бари. Колото во Серија А ќе биде комплетирано вечерва со одигрувањето на натпреварот Парма-Сампдорија.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Абрахам со хет-трик, Челси рутински со Лутон

Во меч во кој ќе се заборави новата голема грешка на Кепа Аризабалага и новото разочарување за Тимо Вернер (утна пенал) и ќе се зголеми самодовербата на фудбалерите на Челси, тие стигнаа до 3:1 победа над Лутон во четвртото коло од ФА купот благодарение на фантастичниот Теми Абрахам, кој постигна хет-трик.
Дека тимот на Френк Лампард е под притисок да се остварат подобри резултати по инвестициите од 250 милиони евра во текот на летото не е тајна, и мечот со второлигашот Лутон може да служи како инспирација и покрај некои негативни елементи во мечот.
Абрахам даде два гола во првите 17 минути од мечот, и „сините“ можеа да дадат уште некој гол пред во 30-тата минута, Кларк да ја искористи лошата интервенција на Кепа за да намали на 2:1. Сепак, сигурен пласман во осминафиналето обезбеди Абрахам со убав гол во 74. минута. Во 86. минута, Тимо Вернер имаше совршена шанса да постигне редок гол по трансферот на „Стемфорд бриџ“, но неговиот удар заврши во рацете на хрватскиот голман Симон Слуга.
Спорт
Артур со деби-гол за Јуве, рутинска 2:0 победа над Болоња

Јувентус по освојувањето на Суперкупот на Италија, сврза втора победа во низа, триумфирајќи со 2:0 над Болоња да се искачи на четвртото место на табелата.
Бразилецот Артур во 15-тата минута од мечот го постигна својот прв гол во дресот на „бјанконерите“ со малку помош од одбранбените играчи на Болоња, додека Вестон Меккени во 71. минута ја потврди победата.
Со ова се подобри скорот против Болоња, која нема славено над Јувентус од 2011 година, и „старата дама“ се искачи на четвртото место на табелата со 36 поени, седум зад лидерот Милан со натпревар помалку. Болоња е на 13. место со 20 поени.
Спорт
Фенербахче со СМС-пораки ќе собира за платата на Озил

Претседателот на Фенербахче, Али Коч побара од фановите на истанбулскиот клуб да помогнат во плаќањето на платата на Месут Озил преку кампања за донации преку СМС пораки.
Германецот е во Истанбул, каде што се довршува документацијата за неговиот трансфер од Арсенал по прекинување на договорот со премиерлигашот. Тој заработуваше околу 20 милиони евра годишно во Арсенал, но ќе добие намалување на платата на околу 15 милиони евра, но Коч признава дека ќе биде помош и од фановите, кои ќе можат да донираат по 3 евра преку СМС-порака.
„Имаме барање до нашите навивачи. Продолжете да не поддржувате, бидејќи исто така зависиме од вашата финансиска поддршка. На денот на потпишувањето, ќе побарам од вас да срушите рекорд со СМС кампања. Можеби, 300.000, 500.000 или милион пораки. Со таква поддршка ќе помогнете“, вели Коч.
СМС порака во „Месутол кампањата“ ќе чини 3 евра и ќе се праќа на бројот 1907, годината во која е основан еден од најпопуларните турски клубови.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот