Спорт
Италијанецот Росано го совлада Хозе Гомез од Куба

Во последната вечерна борба на Златниот гонг во категоријата + 91 Италијанецот Франческо Росано беше првиот што успеа да совлада кубански боксер. По голема и израмнета борба тој го победи Хозе Ладуе Гомез со 8:7 во поени.Претходно нашиот Димитар Ташков (-91 кг.) не беше рамноправен ривал на Кубанецот Ерисланди Савон Котила па тренерот на Ташков го прекина навреме мечот.Зоран Јашаревиќ од Србија се пласираше во полуфиналето откако го победи Пољакот Марек Матија. Мечот заврши со израмнет скор 13:13 во поени, но судиите му дадоа предност на Јашаревиќ. Во категоријата – 91 кг. Кристиан Демај (Алб.) со 7:4 во поени го победи Теодор Бенчовски (Буг.), а во истата категорија Михал Олас од Полска го победи Словенецот Борут Слапник со 4:1 во поени.И за уште еден Словенец завршија натпреварите откако Рок Урбанц во категоријата +91 кг. Загуби од Горан Деспотовиќ од Србија со 3:1 во поени. Денес во Арената „Борис Трајковски“ на програмата се полуфиналните средби. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Севилја влезе во трката за потписот на Папу Гомез

Фудбалскиот клуб Севилја се вклучи во трката за потписот на Алехандро Папу Гомез. Аргентинецот, во овој преоден рок ќе ја напушти Аталната, поради несогласувањата што ги имаше со тренерот Џанпјеро Гасперини.
Неколку клубови од Серија А покажаа интерес за Гомез, а најчесто тој се поврзува со Интер и Милан. Клубовите од Милано добија жестока конкуренција во Севилја. Клубот од Андалузија секако може да одгооври на барањата што ги има Аргентинецот, а голем плус за нив е и тоа што играат во Лигата на шампионите.
„Можам да потврдам дека сме во контакт со Аталанта околу Гомез. Работиме на случајот, но се уште има да се заврши уште многу работа“, рекол спортскиот директор на Севилја, Мончи.
Медиумите шпекулираат дека Севилја сака да го позајми Гомез до крајот на сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор за осум милиони евра.
Спорт
Докторот го фалсификувал потписот на Марадона

Истрагата за смртта на Диего Марадона докажала дека неговиот доктор, Леополдо Луке, ги фалсификувал потписите во клучните медицински документи. Марадона почина во ноември минатата година, а аргентинските власти веднаш покренаа истрага, која треба да ги открие причините за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Луке го фалсификувал потписот на Марадона за да може да има пристап до неговиот медицински картон.
„Пронајдовме три фалсификувани парчиња хартија, еден до друг. Тоа беше толку очигледно. Стручњаците ги потврдија нашите сомнежи, потписите биле фалсификат“, рекол еден од истражителите.
Луке, веднаш по смртта на Марадона, одржа прес-конференција, на која низ солзи на новинарите им раскажал дека легендарниот фудбалер одбивал да ја прима препишаната терапија.
Спорт
Дурент за Баркли: Зошто некој бара мислење од тој идиот

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, остро му реплицирал на легендарниот играч Чарлс Баркли, кој неодамна изјави дека професионалните спортисти меѓу првите би требало да ја примат вакцината против коронавирусот.
Изминатата недела многу натпревари во НБА лигата беа одложени поради коронавирусот.
„Не разбирам зошто некој сака да слушне што мисли тој идиот“, рекол Дурент.
Кошаркарот на Бруклин, поради тешка повреда воопшто не играше минатата сезона, во тековната кампања во НБА лигата тој има просек по натпревар од 31,3 поени, 7,5 скока и 5,9 асистенции.
Charles Barkley: "Atletas pagam mais impostos, deveriam receber a vacina antes."
Kevin Durant: "Eu não sei porque ainda perguntam a opinião desse idiota."
Cara, Barkley calado é um poeta. pic.twitter.com/a4dBtNve5x
— Game Winner Brasil (@Game_WinnerBR) January 22, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот