Спорт
Мат Бонер со седум од седум во удари за тројка

Сан Антонио ја оствари седмата последователна победа откако на гости ја совлада Оклахома Сити Тандер. Мат Бонер забележа 21 поен погодувајќи ги сите седум удари за тројка, и му недостасуваше уште еден удар да го израмни рекордот на клубот кој го држи Стив Смит со осум од осум. Во победничкиот тим на Спарси, пак најефикасен беше Тони Паркер со 24 поени. За Оклахома Кевин Дурант постигна 23 поени, што е најслаб негов учинок оваа сезона, а сепак е најефикасен во својот тим. Во Лос Анџелес Лејкерси загубија од Феникс Санс со 116:121 што е нивни прв пораз пред своите гледачи. Кошаркарите на Феникс постигнаа 22 тројки од 40 удари и само за една тројка не го израмнија рекордот на НБА кој го постави Орландо на мечот против Сакраменто пред две години со 23 тројки. Во победничкиот тим најефикасни беа Џејсон Ричардсон (35 п. 8 ск.), Стив Неш (21 п. 13 ас.) и Ченинг Фрај (20 п. 6 ск.). За Лејкерси По Гасол повторно беше одличен (28 п. 817 ск.) а повеќе од 20 кошеви постигнаа и Коби Брајант (25 п. 9 ск) и Ламар Одом (22 п. 11 ск.). Во останатите мечеви се постигнати следните резултати:Атланта Хоукс – Минесота Тимбервулфс со 111:105 (Ал Хорфорд 28 п. 10 ск. / Мајкл Бисли 25 п., Кевин Лав 22 п. 12 ск.).Сакраменто Кингс – Детроит Пистионс 94:100 (Тајреке Евенас 20 п., Карл Лендри 19 п. 8 ск. / Родни Стаки 17 п. Бен Гордон 16 п.)Њујорк Никс – Хјустон Рокитс 96:104 (Амаре Стадемаер 25 п. Вилсон Чендлер 17 п. 7 ск. / Кевин Мартин 28 п., Луис Скола 24 п. 8 ск. 5 ас). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Безмилосниот Абрамович со ретка објава: Лампард ќе остане икона на клубот

Роман Абрамович вообичаено е „тивкиот“ газда, тој што ги влече конците од позадина, но не се експонира во јавноста, но по одлуката да го отпушти Френк Лампард, рускиот милијардер (кој сега наводно живее во Израел), реши да се јави со официјално соопштение.
Тој му се заблагодари на 42-годишниот Лампард за речиси двегодишната соработка, и посочи дека статусот на Англичанецот како икона на Челси останува „без дамка“. Ова е првпат Абрамович да даде соопштение по смена на тренер.
„Ова беше многу тешка одлука за клубот, не само поради моите одлични лични односи со Френк и огромната почит која ја имам кон него. Тој е човек со огромен интегритет и највисока работна етика. Меѓутоа, под сегашните услови, веруваме дека е најдобро да се смени менаџерот. Од сите во клубот, бордот и мене лично, би сакал да му заблагодарам на Френк за рабоата и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува без дамка. Секогаш ќе биде топло добредојден на ‘Стемфорд бриџ’“, се вели во изјавата на Абрамович на официјалниот веб-сајт на клубот.
Спорт
Замената за Џеко Рома ја најдe во Белгија

Един Џеко до крајот на предониот рок би може да ја напушти Рома. Нетрпеливоста помеѓу него и тренерот Фонсека кулминираше пред десет дена, поради што Џеко, викендов не играше против Специја.
Во Рома се подготвени да продолжат понатаму без репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Во клубот во Белгија го нашле играчот кој требада го замени капитенот.
Станува збор за напаѓачот на Бриж, Роман Јаремчук. Италијанските медиуми тврдат дека веќе се започнати преговорите помеѓу клубовите.
Според овие извори, Бриж, за својот напаѓач бара 12.000.000 евра.
Спорт
Миочиќ ќе ја брани титулата против Нгану

УФЦ објави дека Стипе Миочиќ и Френсис Нгану ќе се борат за шампионскиот пораз во тешка категорија.
Миочиќ е актуелниот шампион во тешка категорија, а Нгану ќе се обиде да му го земе појасот на УФЦ 260, планиран за 27.март.
Ова ќе биде втора борба помеѓу Миочиќ и Нгану. Првата нивна борба, одржана во 2018 година, му припадна на Миочиќ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот