Спорт
„Жолтата подморница“ против Валенсија во купот на Шпанија

Во Шпанија се извлечени двојките за осминафиналната фаза во националниот фудбалски куп
Жрепката ги раздвои големите ривали Реал и Барселона, „кралскиот клуб“ и „блауграна“ во оваа рунда првите натпревари ќе ги одиграат на домашен терен. Реал за противник го има Леванте, додека Барселона во двомечот силите ќе ги одмери со Атлетик Билбао. Овој дуел и пресметката Атлетико Мадрид-Еспањол се меѓу најинтересните во осминафиналната рунда. Епитетот дерби на оваа фаза ја носи двомечот помеѓу Валенсија и Виљареал. На другите средби се сречќаваат Кордоба-Ла Коруња, Бетис-Хетафе, Алмерија-Мајорка, Севиља-Малага, Реал Мадрид-Леванте, Валенсија-Виљареал, Барселона-Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид-Еспањол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лева го предводи тимот на годината на УЕФА

Европската фудбалска унија (УЕФА), објави како изгледа идеалниот тим на 2020 година, во изборот на навивачите. Во гласањето учествувале 6 милиони посетители на интернет страницата на УЕФА.
Во формација 4-2-3-1, овој тим го предводи Роберт Левандовски, кој претходно од УЕФА и ФИФА беше прогласен за играч на годината.
Мануел Ноер (Баерн) – Џошуа Кимих (Баерн), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Серхио рамос (Реал), Алфонсо Дејвис (Баерн) – Тијаго Алкантара (Баерн/Ливерпул), Кевин Де Брујне (Ман. сити) – Нејмар (ПСЖ, Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус)- Роберт Левандовски (Баерн).
🎇 UEFA Men's Team of the Year 2020 🎇
Almost 6 million votes! 🤯 Thanks for taking part 🙌
Who would be your captain? 👇#TeamOfTheYear
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) January 20, 2021
Спорт
Олимпијакос тргна по потписот на Стефан Ристовски

Олимпијакос е последниот клуб со кој се поврзува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Десниот бек, сигурно ќе го напушти Спортинг, до крајот на преодниот рок, прашање е само која ќе биде негова следна дестинација.
Ристовски, сезонава е отпишан во Спортинг, неколку месеци неговото име се поврзува со неколку клубови: Динамо и Спартак од Москва, Брага, Фиорентина, а сега во редот застана и грчкиот великан, Олимпијакос.
За услугите на Ристовски бил заинтересиран тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс. Планот на клубот од Пиреа е да го донесе Ристовски на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор.
Спорт
Дукати во Мото ГП до 2026 година

Дукати ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот најмалку до 2026 година. Претставниците на тимот, денес го потпишаа договорот со компанијата Дорна спортс.
Претходно, овој договор со Дорна спортс, го потшиа и тимот на КТМ. Се очекува стапките на Дукати и КТМ да ги следат Јамаха, Сузуки, Хонда и Априља.
Дукати се присутни во мото ГП шампионатот од 2003 година, првата победа им ја донесе Лорис Капироси на Големата награда на Каталонија, а првата титула за овој тим, во 2007 година, ја освои Кејси Стонер.
Боите на Дукати во новата сезона ќе ги бранат Џек Милер и Франческо Бањаја.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира