Контакт

Спорт

Севернолондонската пресметка дерби Во Премиер лигата

Објавено пред

Дуелот на ривалите од северен Лондон, Арсенал и Тотенхем е централниот настан во 14-то коло во Премиер лигата на Англија

Арсенал се наоѓа на второто место на табелата со само два бода помалку од лидерот Челзи. Тотенхем по 13 кола е позициониран на седмото место. Челзи рехабилитација за минатонеделниот пораз на домашен терен од Сандерленд ќе бара на гостувањето во Бирмингем. Манчестер jунајтед би требало да има лесна задача против Виган. Во сабота играат Арсенал – Тотенхем, Бирмингем – Челзи, Блекпул – Вулверхемптон, Болтон – Њукасл, Манчестер јунајтед – Виган, Вест бромвич албион – Стоук и Ливерпул – Вест хем, додека во недела се среќаваат Блекбурн – Астон Вила, Фулам – Манчестер сити.Четиринаесеттото коло во Премиер лигата ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Сандерленд – Евертон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Дебакл во Каиро – Македонија на минус 19 против Египет

Објавено пред

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27 Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет ја декласира Македонија со 38:19 (20:6). Поразот од Египет е најтешкиот за Македонија во седмото учество на светските првенства.

Двата одиграни натпревари на Светското првенство го поставуваат прашањето дали Македонија воопшто требаше да ја прифати понудата и како прва резерва да отпатува во Египет.

Со Шведска избраниците на Данило Брестовац се држеа во првите 15 минути, со Египет се предадоа од самиот почетокот.

По 10.минути игра Египќаните водеа со 7:3, а четири минути подоцна резултатот беше 10:3. Данило Брестовац потоа побара минута одмор, по што Македонија постигна три гола и тоа беше се што го покажаа на овој натпревар.

При резултат 10:6 во 18.минута, судијките од Франција, сестрите Бонавентура, му покажаа црвен картон на Кузмановски.

Од тој момент Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.

Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел „фараоните“ го завршија со 14 гола повеќе од противниците (20:6).

Вториот дел наликуваше на тренинг меч, Македонија до двоцифрен број на голови дојде во 40 минута, а во истата минута Египет имаше плус од 20 голови (30:10).

Махмуд со осум гола го предводеше Египет, кај Македонија Лазаров, Марковски и Пешевски постигнаа по три гола. Единствена светла точка во редовите на македонската селекција беше голманот Томовски со осум одбрани.

Египет со оваа победа избори пласман во втората фаза.

Прикажи повеќе...

Спорт

Брајтон победија во Лидс, Алиоски играше 66.минути

Објавено пред

Фудбалерите на Брајтон и Вест Хем забележаа минимални победи во натпреварите од 19.коло во Премиер лигата. Брајтон победи во Лидс, а Вест Хем го совладаа Барнли.

Брајтон одиграа одлично прво полувреме во Лидс, создадоа две добри шанси за гол, искористија една. Голот за победа го постигна Мапеј во 19.минута, напаѓачот на Брајтон ја заврши одличната тимска акција.

Пет минути подоцна Тросар ја погоди гредата од голот кој го бранеше Кико Касиља.

Македонскиот репрезентативец Алиоски на овој меч играше до 66.минута.



Еден гол го реши и дуелот во Лондон, помеѓу Вест Хем и Барнли. Стрелец на голот беше повратникот во тимот на Вест Хем, Антонио во деветтата минута.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ројс промаши пенал, Мајнц освоија бод во Дортмунд

Објавено пред

Само Вердер успеа да забележи победа во првите пет натпревари што се одиграа попладнево во рамките на 16.коло, во Бундеслигата.

Вердер го победија Аугсбург со 2:0, со головите што ги постигнаа во самиот финиш на натпреварот. Првиот гол го постигна Гебре Селасие во 84., а конечниот резултат во 87.минута го постави Агу.

Во дербито, Волфсбург и Лајпциг одиграа 2:2. Лајпциг беа подобриот тим на теренот, но не успеаја да победат. Водеа гостите од петтата минута со голот на Мукиеле, а до крајот на првиот дел Волфсбург направија пресврт со головите Вегхорст и Штефен. Конечниот резултат го постави Орбан во 54.минута.



Борусија, во Дортмунд, доживеа уште едно непријатно изненадување. Давеникот Мајнц освои еден бод, откако водеше со голот на Озтунали во 57.минута. Бод за Дортмунд донесе Мение во 73.минута. Три минути подоцна Марко Ројс не реализира пенал.

Без голови завршија натпреварите Келн-Херта и Хофенхајм-Арминија.

Прикажи повеќе...

Најново

Домашен16 минути

Дебакл во Каиро – Македонија на минус 19 против Египет

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27 Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва...

Македонија3 часа

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија4 часа

Опозицијата обвинува за доцнење со вакцините, власта тврди дека обезбедува вакцини преку три механизми

Преку три механизми, Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против ковид-19, за 60 отсто од населението, реагира владејачкиот СДСМ откако...

Македонија5 часа

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Европа8 часа

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион9 часа

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет10 часа

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет10 часа

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Македонија11 час

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот...

Свет22 часа

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет23 часа

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет1 ден

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет1 ден

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија1 ден

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија1 ден

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Македонија1 ден

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани,...

Свет1 ден

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Резултатите покажуваат дека подготвеноста за...

Македонија1 ден

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти...

Македонија1 ден

Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Европа1 ден

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Досие