Спорт
Берни Еклстоун е ограбен и претепан во Лондон
Британскиот бизнисмен Берни Еклстоун, кој е клучна фигура во раководството на трките во Формула 1, бил ограбен и претепан во центарот на Лондон, објави денеска Дејли Меил.Еклстоун бил начекан од четири непознати лица во средата вечерта пред неговата осумкатница во тренди областа во близина на лондонски Хајд Парк. Натрапниците го тепале 80-годишниот бизнисмен, и од него и од неговата 31-годишна придружничка одзеле разни скапоцености, како накитот, часовниците, вклучувајќи и дијамантски прстени.Лондонската полиција соопшти дека напаѓачите избегале откако го извршиле криминалното дејство, а потрагата по нив во гужвата не дала резултати веднаш. Вкупната сума на украдените предмети е проценета на 200 илјади фунти.„Во моментов нема приведени лица за случајот, истрагата продолжува“, ги цитира зборовите на претставникот на лондонската полиција, весникот Дејли Меил.Еклстон бил хоспитализиран со мали повреди на главата. Неколку часа по медицинскиот третман, тој бил пуштен од болницата. Неговата придружничка по име Фабијана не била повредена, но била преплашен од нападот.Според неделникот Сан, Еклстоун бил фотографиран по нападот, а на неговата рака биле јасно видливи повреди.Берни Еклстоун во моментов е претседател на FOM (Formula One Management), FOA (Formula 1 Administration) и ги поседува акциите на Alfa Prema матичното друштво на групата компании од Формула 1. Според „Договорот за согласност – документ“, со кој се регулираат односите меѓу Формула 1 и на Меѓународната автомобилистичка федерација, сите права од телевизиските преноси на трките во Формула 1 беа пренесени на управување на новоформираните компании и за „Управување и развојот на Формула 1“, чиј директор е Берни Еклстоун. Истата компанија, ги распределува приходите од преносите, и всушност Еклстон и неговата компанија го имаат управувањето и организацијата на секое Гран-при во Формула 1. /крај/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.