Спорт
Новевски стрелец за Мајнц

Николче Новевски постигна гол во победата на Мајнц над Нинберг од 3:0, во натпревар со кој е отворено 14-то коло во Бундес лигата
Со оваа победа без оглед на останатите резултати од ова коло, Мајнц ќе остане на втората позиција на табелата. Македонскиот репрезентативец Николче Новевски, инаку капитен на Мајнц, мрежата на Нинберг ја погоди во 54 минута, предходно во 27 минута резултатот го отвори Шурле, додека конечните 3:0 ги постави Агулаи во финишот на натпреварот.Четиринаесеттото коло во Бундес лигата ќе биде комплетирано во сабота и недела, кога ќе се одиграат дуелите Баерн-Ајнтрахт, Кајзерслаутерн-Шалке, Хамбургер-Штутгарт, Хановер-Фрајбург, Хофенхајм-Баер Леверкузен и Борусија Д-Борусија М., како и во недела Вердер-Санкт Паули и Келн-Волфзбур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лампард до крајот на денот ќе добие отказ?

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, во текот на денот ќе добие отказ, тврдат англиските медиуми. „Телеграф“, објави дека клупските челници му порачале денес да не доаѓа во тренинг центарот.
Челниците на Челси биле разочарани од резултатите на тимот под водство на Лампард, а од отказ нема да го спаси ниту победата над Лутон (3:1), во четвртата рунда, во ФА купот.
Медиумите во Англија, пишуваат дека на клупата на Челси бо можеле да седнат Томас Тухел или Масимилијано Алегри.
Поголеми шанси, наводно има Тухел, бидејќи во тимот на Челси од оваа сезона има тројца германски репрезентативци (Антонио Ридогер, Тимо Вернер и Каи Хаверц).
Лампард стана тренер на Челси во 2019 година. Минатата сезона вон сите прогнози успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Во летниот преоден рок, Челси, вложија 250 милиони евра во засилувања, но по 19 рунди во Премиер лигата, тимот се наоѓа на деветтото место на табелата.
Спорт
Мукаетов ќе биде реизбран за претседател на РФМ

Актуелното раководство на РФМ предводено од Живко Мукаетов ќе продолжи да го води ракометот и во следните четири години. Сите делегати и здруженија се едногласни по тоа прашање и ќе биде официјализирано следната недела.
Редовното изборно Собрание на РФМ ќе се одржи на 31 јануари во Скопје. Единствен кандидат за претседател на РФМ ќе биде актуелниот, Живко Мукаетов.
Сите клубови дадоа поддршка за Живко Мукаетов да остане на чело на федерацијата и во следните четири години. Поддршката е посмена, заверена со потпис и клупски печат. Според регулативите, еден клуб не може да даде поддршка за два кандидата, следствено на тоа друг кандидат за претседател нема да има, а изборот ќе биде едногласен.
Собранието ќе се одржи на 31 јануари во „Александар Палас“ со многу строги мерки за заштита од Ковид-19. Делегатите што ќе учествуваат на собранието, а и сите што ќе бидат дел од настанот ќе бидат тестирани со брзи тестови и ќе мора да почитуваат уште низа мерки.
Спорт
Луис Суарез за Атлетико е она што Роналдо беше за Реал

Луис Суарез продолжи одигра уште еден брилијантен меч за Атлетико Мадрид. Уругавецот, синоќа на својот 34 роденден постигна гол, во победата над Валенсија 3:1.
Од почетокот на сезоната Суарез, одиграл 15 натпревари, на кои постигнал 12 гола во Ла Лига.
Уругваецот има најдобар почеток на сезоната во новиот клуб, во последните 10 години. Во 2010 година, Крстијано Роналдо, за Реал Мадрид, на првите 15 натпревари постигна 13 голови.
За потсетување, пред стартот на новата сезона, тренерот на Барселона Роналд Куман, му порача дека не му е потребен, а Суарез бесплатно се пресели во Атлетико.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот