Контакт

Спорт

Евертон го посакува Бекам

Објавено пред

Тренерот на премиерлигашот Евертон, Дејвид Мојес, му понуди на Дејвид Бекам да се врати во англискиот фудбал.Бекам неодамна ја заврши сезоната во американската МЛС лига со својата екипа ЛА Галакси, претходните две полусезони тој како позајмен играч настапуваше за Милан. Со настапите во Милан, Бекам ја одржуваше потребната форма за настап во репрезентацијата на Англија. Кон крајот на минатата сезона тој се здоби со тешка повреда, која го оддалечи од Светското првенство, по што изјави дека повеќе како позајмен фудбалер нема да настапува во Европа. Тренерот на Евертон изрази уверување дека Бекам би можел да биде заинтересиран привремено да настапува за тимот од „Гудисон Парк“. „Најпрво ќе мора да ја видиме финансиската страна од евентуалниот договорот, но доколку Бекам се согласи да игра за нас, лично ќе одам кај сопственикот да го прашам дали ќе можеме да продадеме доволно дресови за да ги задоволиме неговите барања“, изјави Мојес.крај/ап/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Леброн Џејмс ги победи „своите“

Објавено пред

Леброн Џејмс се врати во Кливленд и ги предводеше Лејкерси до победата 115:108, над својот поранешен клуб.

Џејмс го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, забележа 46 поени (19/26 шут од поле), осум скока и шест асистенции. Најблиску до Џејмс од соиграчите беше Ентони Дејвис (17 поени).

Кај Кливленд, подобри од останатите беа Андре Драмонд со брилијантен дабл-дабл (25 поени, 17 скокови) и Џеди Осман (20 поени).

Резултати:

Детроит-Филаделфија 119:104
Индијана-Торонто 129:114
Орландо-Шарлот 117:108
Бруклин-Мајами 98:85
Кливленд-ЛА Лејкерс 108:115
Далас-Денвер 113:117
Чикаго-Бостон 103:119
Голден стејт-Минесота 130:108
Портланд-Оклахома 122:125

Прикажи повеќе...

Спорт

Една година од смртта на Коби Брајант

Објавено пред

На денешен ден пред една година, во хеликоптерска несреќа, на 50 километри од Лос Анџелес, загина Коби Брајант заедно со својата ќерка Џијана. Во трагичната несреќа настрадаа и пилотот на хеликоптерот и уште шест семејни пријатели на Брајант. Сите патувале во Таусанд Окс, на натпревар на тимот во кој тренер бил Коби, а најдобра кошаркарка неговата ќерка Џијана.

Хеликоптерот се урнал поради густата магла, кога пилотот изгубил ориентација, а леталото удрило во планината кај Калабасас.

Коби Брајант е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, легенда на ЛА Лејкерс. Во НБА-лигата играше 20 години, со Лејкерс пет пати бил шампион, двапати бил најдобар стрелец во лигата, двапати бил МВП на финалето и еднаш на регуларниот дел на сезоната.

18 пати настапил на Ол-стар натпреварот, 11 пати бил избиран во идеалната петорка во лигата.

Во НБА-лигата вкупно постигнал 33.643 поени, на вечната листа се наоѓа на четвртото место. Кариерата ја завршил со просек од 25 поени, 5,2 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

Со репрезентацијата на САД освоил два златни медали на ОИ во 2028 и 2012 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дабл-даблот на Јокиќ вреди повеќе од трипл-даблот на Дончиќ – Денвер победи во Далас

Објавено пред

Дуелот на тимовите кои ги предводат младите ѕвезди од Балканот, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, предизвика најголемо внимание изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер го победи Далас со 117:113. За Нагетс ова беше четвртата победа во низа, додека Маверокс го забележаа третиот пораз на последните пет натпревари.

Јокиќ за Денвер одигра 33 минути, постигна 20 поени, на кои придодаде 10 скока и четири асистенции. До победата Денвер го предводеше Мајкл Портер јуиор, кој се врати во тимот по повредата, со 30 поени и осум скока. Вториот најдобар играч на Денвер Џамал Мареј, поради неспортски потег беше исклучен.

Лука Дончиќ, во редовите на Далас, натпреварот го заврши со трипл-дабл од 35 поени, 11 скокови и 16 асистенции. Словенецот немаше помош од соиграчите, најблиску до него беше Тим Хардавеј јуниор, стрелец на 19 поени.

Денвер со скор од 10 победи и 7 порази се седми на Западот, додека Далас се 10. со скор 8 победи и 9 порази.



Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија53 минути

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Свет1 час

Бајден: САД до лето може да имаат колективен имунитет

Американскиот претседател Џозеф Бајден очекува дека САД до лето ќе бидат на добар пат кон постигнување колективен имунитет, бидејќи новиот...

Македонија1 час

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија2 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа2 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет2 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет13 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет15 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија16 часа

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет16 часа

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ17 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија20 часа

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија21 час

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Европа21 час

Руските научници тврдат: Ова е прва микроскопска слика од британскиот вид на коронавирус

Научници од „Роспотребнадзор“, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека први направиле микроскопска слика од британската...

Македонија21 час

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението. Oд кабинетот на Пендаровски информираат...

Македонија22 часа

Царовска: Законска обврска е да ја организираме матурата за учениците кои се пријавија за полагање

Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието,...

Топ22 часа

Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11 часот...

Македонија24 часа

Новиот британски вид на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика...

Топ1 ден

Казни од по 2.000 евра за скопјани затекнати на групна прослава во стан во Капиштец

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казни од по 2.000 евра за лица кои не ги почитувале мерките против...

Досие