Спорт
Вардарци го одработија излетот во Луксембург

Берхем – РК Вардар ПРО 19:29. Ракометарите на Вардар одиграа уште еден тренинг меч со недораснатиот противник Берхем од Луксембург. По победата на домашен паркет од 42:23 во првиот меч и на гости вардарци славеа со 29:19, па со вкупен резултат од 71:42 уверливо изборија пласман меѓу 16-те најдобри екипи во Купот на победниците на куповите.Во следната рунда покрај Вардар ПРО пласман изборија и: Мосер Медикал Кремс, Халмстад, Андебол, Будивелник, Сан Антонио, Ресита и Каустилк. Останатите противници ќе се добијат по одигрувањето на денешните мечеви Кехра – Копенхаген (27:28), Елверум – Драгунас (19:26), Гумербах – БЕСА Фамилиа (46:15), Е.У Кипар – Колубара 33:39), Олимпус 85 – Балатонфуреди (16:27) и Карвина – Браник (22:28).крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Младите немаа среќа на ждрепката за ЕУРО 2023

Младата македонска репрезентација ги дозна имињата на противниците, со кои ќе се соочи во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година, кое ќе се одржи во Романија и Грузија.
Македонија во Х-групата ќе игра против Франција, Србија, Украина, Фарските острови и Ерменија.
Пласман на ЕП во 2023 ќе изборат победниците на деветти групи и најдобрата второпласирана селекција, додека останатите второпласирани ќе играат бараж. Како домаќини место на шампионатото веќе обезбедија Романија и Грузија.
Фото/ffm.mk
Спорт
Касано: Во Реал бев дебел, јадев „Нутела“ од тегла

Антонио Касано, контроверзното момче на италијанскиот фудбал, открил зошто не успеал да направи кариера во најпознатиот светски клуб, Реал Мадрид.
Касано, како голем талент од Бари се пресели во Рома, со „волчицата“ ја освои Серија А, а во 2006 година направи трансфер во Реал. На „Сантијаго Бернабеу“ не успеа да се докаже, на 29 натпревари постигна само четири гола.
Касано, во Реал, имаше проблеми со тежината. Во Мадрид пристигнал со 12 килограми повеќе, успеал да дојде до посакуваната телесна маса, а „благодарение“ на клупскиот спонзор „Нутела“, во еден момент имал 14 килограми повеќе.
„Во Реал Мадрид, некако успеав да ја намалам тежината, скинав 12 килограми, но кога во клубот дојде Фабио Капело, повторно се здебелив. Клупски спонзор беше „Нутела“. Добивавме по 5 килограми месечно од нивните производи“, рекол Касано за Бобо ТВ и дополнил.
„Кога дојде Капело постигнав два гола во два натпревари, се чувствував како крал на светот. Потоа ме извади од игра против Лион, се искарав со него во Херез и тој ме исфрли од тимот. За седум месеци додадов 14 килограми. Јадев Нутела од тегла, ми беше гајле за се“.
Касано по заминувањето од Реал играше во Сампдорија, Интер и Милан.
Спорт
„Дерби на Италија“ за потписот на Џовани Рејна

Дерби на Италија ќе се води за потисот на младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна. „Билд“, тврди дека сериозен интерс за 18-годишниот фудбалер покажале Интер и Јувентус.
„Билд“ пишува дека доколку сакаат да го донесат Рејна во своите редови, италијанските клубови ќе мора да платата 40 милиони евра.
Рејна е роден во Англија, а игра за репрезентацијата на САД. Оваа сезона за Борусија, одиграл 26 натпревари, постигнал четири гола и забележал пет асистенции.
Џовани е син на поранешниот репрезентативец на САД, Клаудио Рејна, кој во кариерата играл за Баер Леверкузен, Волфсбург, Глазгов Ренџерс, Сандерленд, Манчестер сити и Њујорк Ред Бул.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома