Спорт
Металург неприкосновен, за Пелистер искуство повеќе

Иври – Металург 19:29 (9:14). Ракометарите на македонскиот првак Металург се пласираа меѓу 16-те најдобри екипи во ЕХФ Купот откако и на гости изборија победа над Иври со 29:21. По победата од 34:25 во првиот меч со вкупен резултат од 63:46, Металург го прегази Иври кој е претставник на Франција, земја која има традиција во овој спорт и титули светски првак во ракомет.На голот блескаше Ангелов, па на Наумче Мојсоски и останатите ракометари на Металург им беше олеснета задачата преку контри да ја реализираат предноста која ги одведе во следната рунда.За жал нашиот втор претставник во ова второ по ранг европско натпреварување Пелистер, имаше далеку посилен противник Реал Адемар, кој по победата во Битола од 25:22 победи и во реваншот во Шпанија со 34:22 (19:9) и ги елиминира битолчани. За пелистерци најефикасен беше Петровски со 7 голови, а Митревски и Недановски постигнаа по 4, додека во шпанскиот состав Страновски постигна 7 голови, а Мартинс Техеира Да Коста 6. Меѓу 16 најдобри екипи, по саботните мечеви пласман изборија: Сент Рафаел Вар, Гросвалштат, Норсдјеланд, Бешикташ, Горење, Брегенц, Татабања. Останатите екипи кои се пласираа во 4 коло ќе се дознаат по денешните реванш средби: Амичитија – Есч (34:25), Волендам – Лемго (29:45), Гопинген – Алингсас (33:25), Порто – Дунафер (37:27), Црвена звезда – Краснодар (30:38), Драмен – Силкенборг (28:38).крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конор: Ако Хабиб влезе во кафезот нема да има проблеми, ако не, ќе го фатиме

Од зборовите на Конор Мекгрегор се гледа дека непријателските чувства кон Хабиб Нурмагомедов се намалени по бурната 2018 година, но посочува дека тој мора да се согласи на римеч или да ја загуби УФЦ титулата во лесна категорија.
Од предавањето во четвртата рунда од бурниот меч во Лас Вегас пред повеќе од две години, Мекгрегор постојано тврди дека е подготвен за одмазда, но Нурмагомедов не беше заинтересиран за меч и останува на своето дека е во пензија по победата над Џастин Гетџи минатата година. Пред УФЦ 257 и дуелот со Дастин Поаире во Абу Даби, Ирецот бара одлука.
„Ќе го фатиме! Би кажал дека овој човек продолжува намерно да го избегнува ова, да избегнува да се врати на борбите. Тогаш, титулата треба да му биде одземена. Ќе биде интересно да се чуе неговиот изговор по овој меч, но очекувам одземање на појасот“, вели Мекгрегор.
По општата тепачка по нивната пва пресметка, УФЦ обезбеди двајцата да не се сретнат во Абу Даби оваа недела, но Мекгрегор вели дека нема да има проблеми надвор од кафезот.
„Тоа беше во 2018, сега е 2021. Ќе кажам, дека ако се бориме повторно, нема да има проблем. Тоа е тоа. Ако продолжи да бега, не сум сигурен. Ќе видиме“, објаснува Ирецот.
Спорт
Хрватска, конечно, убедлива, Унгарците остануваат максимални

Хрватската ракометна репрезентација, конечно, одигра убедлив натпревар, победувајќи го Бахреин со 28:18 за да дојдат чекор поблиску до пласман во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет.
Откако им дозволија само два гола во првите 20 минути на противниците, по што рутински стигнаа до целта. Златко Хорват со осум гола беше најефикасен за „коцкестите“, по четири имаа Иван Мартиновиќ и Марино Мариќ, додека за Бахреин, Алсајад Хусаин имаше шест гола. Следен противник на Хрватите е Аргентина.
Одлична партија имаа и Унгарците, кои со 29:23 го совладаа Бразил за да се зацврстат на првото место во групата 1. Бенце Банхиди беше најдобар со пет гола, по четири додадоа Сунајке, Мате и Бодо, додека кај Бразил, Ланжаро имаше осум гола.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 1
Уругвај – Полска 16:30 (9:14)
Унгарија – Бразил 29:23 (16:11)
Шпанија – Германија 20.30 ч.
Табела: 1.Унгарија 6, 2.Полска 4, 3.Шпанија 3, 4.Германија 2, 5.Бразил 1, 6.Уругвај 0
ГРУПА 2
Јапонија – Аргентина 24:28 (13:17)
Хрватска – Бахреин 28:18 (13:8)
Данска – Катар 20.30 ч.
Табела: 1.Хрватска 5, 2.Данска 4, 3.Аргентина 4, 4.Катар 2, 5.Јапонија 1, 6.Бахреин 0
Спорт
Ѓоковиќ не одолеа на хармониката, мораше да заигра на тераса

Новак Ѓоковиќ последните денови беше под критики од австралиската јавност за наводните „претерани и разгалени барања“ за тенисерите кои го „отслужуваат“ 14-дневниот карантин во хотел, но очигледно не го загубил расположението како што покажува последното видео од Австралија.
На Ѓоковиќ овојпат пред хотелот му се собраа српски навивачи со музика, кои успеаја да го раздрмаат и разиграат на терасата. Како подготовка за тенискиот турнир, нели?
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот