Спорт
МОК ќе го испитува потпретседателот на ФИФА Иса Хајату

Меѓународниот олимписки комитет ќе го испрашува потпретседателот на ФИФА Иса Хајату во врска со обвинувањата дека примил мито од поранешната маркетинг агенција на ФИФА.Обвинувањата дојдоа од Би Би Си дека во 1995 година тој како член на МОК и претседател на Африканската фудбалска федерација примил 100.000 француски франци. БиБиСи го обвини него но и уште двајца членови на Извршниот одбор на ФИФА за примање мито, а тие во четврток ќе гласаат за домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година.МОК побара од БиБиСи да ги достави снимените материјали и други докази и најави дека за било каков вид на корупција ќе има нулта толеранција. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Звезда го победи Реал сред Мадрид!

Кошаркарите на Црвена звезда стигна до импресивна 79:77 победа на гости кај Реал Мадрид, во одложениот меч од 19. коло од Евролигата, прекинувајќи ја низата од два порази.
Звезда ја загуби контролата на мечот во последната четвртина, но успеа да изддржи за голема победа. Кори Волден го предводеше српскиот тим во првото полувреме (45:40) со 16 поени, но клучните 10:0 за Звезда се случија на крајот на третата четвртина, кога од 60:58 поведоа со 70:68 предводени од Огњен Добриќ.
Шпанскиот клуб се обиде да се врати со неколку тројки, а по неспортската лична грешка на Бранко Лазиќ се повреди Руди Фернандез, но Реал го намали водството на 76:73. Тогаш одбраната на гостите успеа да го изддржи притисокот, а Џејси Керол не успеа да примора продолжение.
Волден заврши со 18 поени, Добриќ со 13, додека Фернандез со 11 беше најдобар за Реал. Звезда сега има 7-13 скор, а Реал Мадрид 13-7, откако беа поразени само вторпат во последните девет меча.
Спорт
Дали Меси ќе добие суспензија од 12 меча?

Правилата на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) велат дека Лионел Меси може да добие драстична казна од 12 меча суспензија откако го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона по бруталниот напад на напаѓачот на Атлетик Билбао, Асиер Вилјалибре.
Меси, исфрустриран откако неговиот тим прими гол во 90-тата минута, и потоа во продолжението од финалето на Шпанскиот Суперкуп, го удри Вилјалибре без топка, и според РФЕФ ако тој е обвинет за „агресивно однесување“, тогаш може добие казна од 4 до 12 меча. Со 12 меча казна, капитенот би бил отсутен од голем дел од домашниот шампионат. Доколку биде проценето дека инцидентот не е „агресивен“, тогаш казната е од еден до 3 меча.
Самиот Вилјалибре не сакаше многу да зборува за фаулот.
„Мислам дека нема потреба да правиме контроверзи, сите тимови прават фаули, клучот е да не се предадеш потоа. Зошто се налути? Го ставив телото напред, а тој реагираше бесно“, вели Вилјалибре.
Messi sees red for an off-the-ball swing. pic.twitter.com/PAW8cm95OR
— ESPN FC (@ESPNFC) January 17, 2021
Спорт
Франција, Португалија и Шведска „совршени“, Словенците ги победија Белорусите

Репрезентациите на Франција, Португалија и Шведска ќе пренесат максимални 4 поени во следната фаза на Светското првенство во ракомет во Египет, откако денеска ги забележаа третите победи во третото коло од првата рунда.
Словенија, пак, во интересна битка беше подобра од Белорусија за да го освои второто место во групата Х, од каде тие две репрезентации, заедно со Русија одат во нашата група во втората фаза.
Французите, пак, беа неубедливи, овој пат против упорните Швајцарци, но на крајот предводени со осумте гола на Кентин Мае стигнаа до тешка 25:24 победа за максимални 4 поени во втората рунда. Португалците лесно со 26:19 ги совладаа Алжир за да се најпријатното изненадување на турнирот, додека Египет во нашата група, пропушти големо водство за на крајот да загуби со 24:23 од Шведска.
Словенија, предводена од Блаж Јанц (8 гола) и Јуре Доленец (7 гола) во второто полувреме го скршија отпорот на Белорусија за второ место во групата зад Русија.
СП РАКОМЕТ ЕГИПЕТ 2021
ГРУПА Е
Франција – Швајцарија 25:24 (14:14)
Норвешка – Австрија 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 6, 2.Норвешка 2, 3.Швајцарија 2, 4.Австрија 0
ГРУПА Ф
Португалија – Алжир 26:19 (14:9)
Исланд – Мароко 20.30 ч.
Табела: 1.Португалија 6, 2.Исланд 2, 3.Алжир 2, 4.Мароко 0
ГРУПА Г
Македонија – Чиле 32:29 (16:17)
Шведска – Египет 24:23 (9:12)
Табела: 1.Шведска 6, 2.Египет 4, 3.Македонија 2, 4.Чиле 0
ГРУПА Х
Русија – Јужна Кореја 30:26 (15:15)
Белорусија – Словенија 25:29 (15:15)
Табела: 1.Русија 5, 2.Словенија 4, 3.Белорусија 3, 4.Ј.Кореја 0
Фото: СП Египет 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира