Спорт
Жалгирис во обид да го симне Макаби од врвот

На 1 и 2 декември се игра седмото коло од Лигата на шампионите во кошарка. Најинтересен ќе биде дуелот помеѓу Жалгирис и Макаби од Тел Авив. Израелците се единствената екипа која што во ноември ги совлада сите свои противници и е во водство на табелата во групата А. Жалгирис со победа ќе се израмни бодовно со Макаби и затоа овој дуел можеби ќе го одлучи и првакот на оваа група.Распоред на натпревари и табели:Група А: Каха Лаборал – Асеко Проком (1 дек.), Кимки Партизан (1 дек.) и Жалгирис – Макаби (2 дек.) табела: Макаби Т.А. 5-1, Жалгирис 4-2, Партизан 4-2, Кимки 2-4, Каха Лаборал 2-4, Асеко Проком 1-5.Група Б 2 ноември: Лотоматика – Шарлроа, Олимпијакос – Брос Баскетс, Уникаха – Реал. Табела: Олимпијакос 4-2, Реал 4-2, Уникаха 3-3, Лотоматика 3-3, Брос Баскетс 2-4, Шарлроа 2-4.Група Ц: Фенер Улкер – Цибона (1 дек.), Монтепаски – Литвос Ритас (1 дек.), Регал Барса – Шоле (2 дек.) Табела: Фенер Улкер 5-1, Монтепаски 5-1, Регал Барса 4-2, Шоле 3-3, Литвос Ритас 1-5, Цибона 0-6.Група Д: ЦСКА – Панатинаикос (1 дек.), Унион Олимпија – Армани (1 дек.), Валенција – Ефес (2 дек.) Табела: Панатинаикос 4-2, Унион Олимпија 4-2, Ефес Пилсен 4-2, Армани 3-3, Валенција 2-4, ЦСКА 1-5. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо со рекордниот 760. гол го донесе италијанскиот Суперкуп на Јувентус

Како мелем на раните по поразот во дербито од Интер, Јувентус го освои Суперкупот на Италија со 2:0 победа над Наполи, благодарение на 760. гол на Кристијано Роналдо, но и на лошото изведување на пенали на Лоренцо Инсиње.
Андреа Пирло пристигна на „Мапеи“ во Реџо Емилија под притисок по губењето на темпото со лидерите во Серија А, така што мораше да го победи тимот на својот добар пријател Џенаро Гатузо, и за среќа во тимот го има незаменливиот Роналдо, кој во 60-тата минута се најде на вистинското место за да го постигне својот 760. гол во кариерата.
🇵🇹 Official: Cristiano Ronaldo becomes the top scorer in history thanks to this goal in the final !
Congratulations 👏#CR7 #Ronaldo #Cristiano #JuveNapoli #JuventusNapoli
pic.twitter.com/pAHfBFiqx2— Best of Serie A 🇮🇹 (@BestOfSerieA) January 20, 2021
Од тие јубилејни 760 голови во кариерата, Португалецот даде за Спортинг Лисабон (5), за Манчестер јунајтед (118), за Реал Мадрид (450), за Јувентус (85) и за португалската репрезентација (102). Со овој резултат, тој го сруши рекордот на Чехот Јозеф Бицан за најмногу голови во една кариера, иако Пеле и неговиот поранешен клуб Сантос во последно време тврдат дека тој постигнал 1.279 гола, броејќи ги многуте пријателски натпревари.
За Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во 67. минута, а „партенопеи“ имаа совршена шанса да примораат продолженија, но Лоренцо Инсиње во 80-тата минута го утна ударот од белата точка, пред во 96. минута Алваро Мората да стави точка на сите неизвесности за 2:0.
Спорт
Конечно, вистинското од Пол Погба за Манчестер јунајтед

Пол Погба, конечно, го покажа својот талент во дресот на Манчестер јунајтед, носејќи им на „ѓаволите“ тешко извојувана 2:1 победа на гости кај Фулам за враќање на првото место на табелата во Премиер лигата.
Работите не тргнаа како што треба за тимот на Оле Гунар Солскјер, откако Адемола Лукман уште во петтата минута ги донесе домаќините во водство, но Единсон Кавани во 21. минута врати за израмнување. Како што течеше времето во второто полувреме, Јунајтед се обидуваа да дојдат до гол, но не успеваа против цврстата одбрана на Фулам, пред во 65. минута, од тешка позиција и од огромна далечина, Погба да постигне прекрасен гол за три поени за својот клуб.
Овој гол доаѓа, откако тој јавно се извинуваше за неговата промашена шанса во дербито против Ливерпул (0:0), нешто што наиде на лута реакција кај Солскјер, кој сметаше дека нема потреба за ваков гест.
Јунајтед сега се вратија на првото место со 40 поени, два повеќе од градскиот ривал Манчестер сити (кој пак има натпревар помалку) и од Лестер (со ист број на натпревари). Фулам остануваат во зоната за испаѓање на 18. место со 12 поени, четири помалку од Барнли.
Спорт
Лева го реши баварското „дерби“, Лајпциг го следи чекорот

Роберт Левандовски го постигна својот 22. гол во 17 кола во германската Бундеслига за Баерн Минхен да стигне до 1:0 победа на гостувањето кај 50 километри оддалечениот баварски ривал Аугзбург и да го заддржи првото место и предноста од четири поени пред РБ Лајпциг, кои исто така минимално со 1:0 ги победија Унион Берлин.
Полјакот доби совршена шанса да го постигне својот неверојатен 22. гол во 13. минута кога Баерн доби пенал, и тој не згреши од белата точка. Домаќините, пак, имаа шанса да вратат со иста мерка во 77. минута кога беше досуден пенал по играта со рака на Бенжамин Павар, но Алфред Финбогасен ја погоди само стативата.
РБ Лајпциг славеше со 1:0 против Унион благодарение на голот на Емил Форсберг во 70-тата минута за да останат втори со 35 поени, четири помалку од Баерн. Арминија Билефелд, пак, излезе од зоната за испаѓање по 3:0 победата над Штутгарт, додека Фрајбург и Ајнтрахт одиграа 2:2.
БУНДЕСЛИГА, 17.КОЛО
Аугзбург – Баерн Минхен 0:1
Арминија Билефелд – Штутгарт 3:0
Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт 2:2
РБ Лајпциг – Унион Берлин 1:0
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот