Спорт
Извесен штрајкот во Серија А

Штрајкот на фудбалерите во Серија А станува сè поизвесен откако претседателот на синдикатот на професионалните фудбалери, Серџо Кампања го напушти денешниот состанок со челниците на лигата. Состанокот требаше да го реши спорот околу потпишувањето на новиот колективен договор, чии последен рок истече денес. Италијанската новинска агенција АНСА оценува дека по ова, штрајкот е сосема извесен. Синдикатот од предходно го одреди 16-то коло, кое треба да се одигра на 11 и 12 декември, како термин за протестот. Несогласувањата помеѓу двете страни настанаа по предлогот на клубовите, тие да се стекнат со право да ги дистанцираат непожелните играчи од тренинзите на првиот тим, како и да ги условуваат на трансфери во други екипи. На состанокот присуствуваше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џанкарло Абате, но ниту тој не успеа да издејствува компромисно решение. Спротивставените страни утре ќе бидат сослушани и од Олимпискиот комитет на Италија. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тренерот на ПСЖ, Почетино позитивен на КОВИД-19

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино има позитивен тест на КОВИД-19, потврдија од францускиот шампион, додавајќи дека веќе е во изолација и нема да биде на клупата за мечот со Анжер во сабота, кога ќе го заменуваат неговите помошници Хесус Перез и Мигуел Д’Агостино.
КОВИД-19 ги отстрани од теренот и фудбалерите Колин Дагба, Тило Керер и Рафиња, додека Хуан Бернат има повреда на коленото.
„Мораме да бидеме подготвени во сабота, со или без мене. Сакаме да победуваме и да бидеме на врвот на Лига 1. Најважно е да ја заддржиме постојаноста, а бидејќи работиме 24 часа дневно, немаме многу време за одмор“, вели Почетино.
Спорт
Барса ја освои Москва, Фенербахче го уништи ПАО

Барселона и покрај тоа што во тимот ги немаше Никола Миротиќ и Брендон Дејвис, стигна до фантастична 88:75 победа над ЦСКА Москва во Русија во битката на првопласираниот и второпласираниот тим во Евролигата.
Кори Хигинс постигна 25 поени против поранешниот клуб, Алекс Абринес имаше 19 поени, а Ник Калатес додаде 13 поени, 7 асистенции и 6 скока за тимот на Шарунас Јасикевичиус, кој се врати од 12 поени негатива во втората четвртина за 40:42 на полувремето за ЦСКА потоа да се мачи со играта од поле 21-од-50 за два поени и 4-од-21 за три поени.
Мајк Џејмс заврши со 18 поени за ЦСКА, Никола Милутинов имаше 15 и 6 скока, а Торнике Шенгелија имаше 10 поени и 7 скока.
Фенербахче, пак, го продолжи патот кон плејофот со огромна 100:74 победа над Панатинаикос во дебито на новиот тренер на грчкиот тим, Израелецот Одед Каташ. Тимот на Игор Кокошков имаше фантастичен почеток и со серија од 18:0 ја доби првата четвртина со 31:12, предност што не ја загуби до крајот.
Марко Гудуриќ заврши со 18 поени, Јан Весели имаше 12, за петта победа во низа на Фенер и подобрување на скорот на 10-10. Од другата страна Немања Недовиќ беше ограничен на 6 поени, а Арон Вајт со само 13 беше најдобриот стрелец.
ЕВРОЛИГА, 20. КОЛО
ЦСКА Москва – Барселона 75:88 (25:20, 16:22, 15:22, 19:24)
Фенербахче – Панатинаикос 100:74 (31:12, 17:22, 26:21, 26:19)
Зенит Санкт Петерсбург – Жалгирис 77:65 (17:14, 19:22, 20:13, 21:16)
Спорт
Хрватска спасуваше глава против Јапонија, Германија го понижи Уругвај

Хрватската ракометна репрезентација, која треба да важи за еден од фаворитите за медал на мундијалот во Египет, се намачи со аутсајдерот Јапонија одигрувајќи 29:29 со гол од пенал во последните секунди од мечот.
Хрватска имаше водство од 1:0 по што неверојатно контролата ја презеде Јапонија наоѓајќи дупка во одбраната на „коцкестите“ за да поведе со неверојатни +6 по 24 минути игра за на полувремето тимот на исландскиот тренер Дагур Сигурдсон да има 17:14.
Хрватите ги намалија грешките во второто полувреме, а проработе и Домагој Дувњак за да успеат да израмнат на 23:23 на 13 минути пред крајот на натпреварот. Иако се очекуваше тука да го зададат клучниот удар, Јапонците не го даваа водството за на крајот Иван Чупиќ со гол од пенал на пет секунди пред крајот на мечот да извлечат 29:29. Марино Мариќ со седум гола беше најдобар за тимот на Лино Червар, а по четири имаа Дувњак и Лука Циндриќ, додека за Јапонија, Токуда и Агарие имаа по шест гола.
Разликата во класа на еден ракометен мундијал најдобро го отсликуваше мечот помеѓу европскиот гигант Германија и Уругвај. Германците во првото полувреме дозволија да примат само четири гола од јужноамериканската репрезентација водејќи со 16:4, а иако во второто дозволија повеќе голови, на крајот резултатот беше астрономски 43:14.
Во групата Б, Катар со 30:25 ја совлада Ангола, а Бразил со сензационален пресврт во второто полувреме дојде до 29:29 реми со фаворизираната Шпанија.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЕГИПЕТ, 1. КОЛО
ГРУПА А
Германија – Уругвај 43:14 (16:4)
Унгарија – Зеленортска Република 20.30 ч
ГРУПА Б
Шпанија – Бразил 29:29 (16:13)
Полска – Тунис 20.30 ч
ГРУПА Ц
Катар – Ангола 30:25 (14:13)
Хрватска – Јапонија 29:29 (14:17)
ГРУПА Д
Аргентина – ДР Конго 28:22 (13:14)
Данска – Бахреин 20.30 ч
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира