Спорт
НБА: Кош–ревија во Мемфис
Во Федекс Форум арената во Мемфис во регуларниот тек од мечот беа постигнати дури 238 поени. Во оваа кош-ревија поуспешни беа гостите од Хјустон кои победија со 127:111, а за тоа најмногу придонесоа 16 тројки кои ги постигнаа Ракетите со прецизност од речиси 70 проценти
Од друга страна домашните кошаркари само три пати погодија од зад линијата за три поени и тоа од 12 обиди. За Хјустон кому ова му е седма победа во лигата најефикасни беа бековите Кајл Лоури со 28 поени и 12 асистенции и Кевин Мартин со 28 поени. Руди Геј со 29 постигнати кошеви беше најдобар во домашната екипа.Во Стејплс центарот во Лос Анџелес Лејкерси го совладаа Сакраменто Кингс со 113:80. Ова беше 14-та победа на Лејкерси оваа сезона, покрај 6 порази, а Кралевите имаат лош скор од само 4 победи и дури 13 порази. Коби Брајант постигна 22 поени, а Ламар Одом и По Гасол по 16 за Лејкерси. Џејсон Томпсон имаше учинок од 19 поени и 10 скокови за Сакраменто.Феникс Санс во ЈуЕс Еирлајнс центарот ја победи Индијана Пејсерс со 105:97. Индијана водеше по првата четвртина со 28:20, но Феникс како што одминуваше натпреварот полека ја презеде работата во свои раце и на крајот не дозволи неизвесна завршница. Сонцата ги предводеше Ченинг Фрај со 29 поени, Џејсон Ричардсон постигна 21 поен, а Стив Неш имаше 11 асистенции. Во тимот на Индијана се издвои Брендон Раш со 21 поен.Во другите мечеви беа постигнати следните резултати:Шарлот – Њу Џерси 91:84 (Стифен Џексон 25 п. 5 ск. 6 ас. / Тревис Аутлоу 21 п. 6 ск.)Торонто – Оклахома 111:99 (Андреа Барњани 26 п. 12 ск. Леандро Барбоса 22 п. / Расел Вестбрук 20 п. 7 ас. Џејм Харден 20 п.)Вашингтон – Портланд 83:79 (Андре Блеч 19 п. 9 ск. / Брендон Рој 18 п.)Атланта – Филаделфија 93:88 (Марвин Вилијамс 22 п. Ал Хорфорд 15 п. 13 ск. 6 ас. / Елтон Бренд 16 п. 14 ск.)Детроит – Орландо 91:104 (Тајшаун Принс 30 п. 5 ас. / Брендон Бас 27 п. Винс картер 25 п. 9 ас.)Бостон – Чикаго 104:92 (Кевин Гарнет 20 п. 17 ск. / Дерик Роуз 20 п. 8 ас.).Њу Орлеанс – Њу Јорк 92:100 ( Тревор Ариза 21 п. 9 ск. Крис Пол 17 п. 10 ск. Емека Окафор 11 п. 14 ск. / .Амар Сатемаер 34 п. 10 ск. Рејмон Фелтон 17 п. 13 ск.).Сан Антонио – Минесота 107:101 (Тим Данкан 22 п. 10 ск. Тони Паркер 20 п., Грент Хил 20 п. / Мајкл Бисли 28 п. Кевин Лав 25 п. 18 ск.).Денвер – Л.А. Клиперс 109:104 (Кармело Ентони 26 п. Џеј Ар Смит 21 п. / Ерик Гордон 24 п.).Јута – Далас 81:93 (Пол Милсап 21 п. 7 ск. / Дирк Новицки 26 п. 6 ск.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.