Спорт
Манчестер сити со гостинска победа кај Вест хем
Во 17-то коло од англиската Премиерлига, фудбалерите на Манчестер сити постигнаа вредна победа од 3:1 над Вест хем на неговиот „Аптон парк“
Манчестерските „граѓани“ со оваа победа моментално се на второто место каде ги очекуваат исходите од мечевите на нивните противници. Арсенал е втор со ист број бодови но им аи меч помалку, трет е Манчестер јунајтед со 31 бод но и два меча помалку, а четврт е Челзи зо 30 бодови и меч помалку. Иако на овој меч настапи без својот капитен и најдобар играч аргентинскиот интернационалец Карлос Тевез кој е суспендиран, фудбалерите на Сити ја постигнаа втората победа едно подруго. Подобрата игра гостите од Манчестер ја крунисаа во30. минута кога Јаја Туре го совлада Роберт Грин, а двајцата актери беа инволвирани и во вториот гол на Сити во 73. минута, откако Туре изведе слободен удар а топката одбивајќи се од стативата удри во грбот на Грин и заврши во неговата мрежа. Адам Џонсон кој во 61. минута го замени Марио Балотели, дваесет минути подоцна во 81-та ја избегна офсајд стапица и го постигна и третиот гол за гостите во мрежата на Вест хем, за кого почесниот погодок го постигна .Џејмс Томкинс во 89. минута. Новиот тренер на Њукасл, Алан Пејрдју дебитираше со победа, и тоа над славнито Ливерпул од 3:1. За „свраките“ стрелци беа Кевин Нолан во 15., Џој Бартн во 80. и Енди Карол во првата минута од судиското дополнување, додека за Ливерпул изедначи Дурк Кајт во 50. минута. Со оваа победа Њукасл со 22 бодови го мина на 8-то место од табелата Ливепрул кој падна на 9-то со ист број бодови. Астон вила ја прекина низата од три пораза откако на домашен терен го совлада Вест бромвич албион со 2: 1. Головите за домашните ги постигнаа Доунинг во 25. и Хески во 80., додека гостите намалија преку Шрејмер во 89. минута. , Евертн и Виган, како и Фулам и Сандерленд ги поделија бодовите во натпревари без голови а изненадување во саботниот дел од колото приреди Блекпул кој на гости со 1:0 го совлада Сток сити со голот на Кемпбел во 48. минута. Имено на Сток сити ова му беше прв пораз по пет кола во кои собра вкупно 11 од моќните 15 бодови. Во недела се игра лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челзи, а во понеделник еден од мечевите кои ќе одлучуваат за годинешниот шампион меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.