Спорт
Данкан со победа прослави илјадитиот меч во НБА лигата
Со 13 скокови и 8 поени Тим Данкан го прослави својот јубилеен илјадити меч во НБА лигата
Патем Неговиот Сан Антонио ја постигна својата петта победа во низа совладувајќи го Портланд со 95:78 во ЕјТиендТи Центарот во Сан Антонио. Сан Антонио со оваа победа постави и свој нов рекорд на стартот со 20 победи и три поразa.Најдобар во домашната екипа беше Џорџ Хил со 22 поени, а Ману Џинобили постигна 18 поени. Во тимот од Портланд најефикасен беше Весли Метјус со 17 поени, но најголем учинок оствари Маркус Кемби со 11 поени и 13 скокови.Во Медисон Сквер Гарден се одигра исклучително ефикасен натпревар во кој Никси го совладаа Денвер Нагетс со 129:125. Само во третата четвртина паднаа 72 поени, а 254 кошеви постигнати во регуларниот тек од натпреварот е вистинска реткост. За Њујорк ова е прва серија од 8 победи по 16 години. Амар Стадемаер се разигра во второто полувреме во кое постигна 24 поени од вкупно 30 на овој меч на кои придодаде и 8 скокови. Победата ја обезбеди Вилсон Чендлер со тројка постигната на 30 секунди до крајот. Чендлер беше втор стрелец со 27 поени и 7 скокови. Рајмонд Фелтон имаше 19 поени но беше исклучително расположен за проигрување, па така зад неговото име останаа запишани 17 асистенции.Кармело Ентони постигна 31 поен и 13 скокови за Денвер, а Нене Хиларио го следеше со 26 поени и 8 скокови. Чонси Билапс имаше лош биоритам па постигна само 4 поени.На останатите средби се постигнати следните резултати:Филаделфија – Њу Орлеанс 88:70 (Луис Вилијамс 17 п., Андре Игуадала 16 п. 10 ск. 5 ас. / Крис Пол 25 п.).Њу Џерси – Л.А. Лејкерс 92:99 (Брук Лопез 25 п. 9 ск. Девин Херис 16 п. 10 ск. / Коби Брајант 32 п. 6 ас. Ламар Одом 22 п. 7 ск. По Гасол 15 п. 11 ск.).Оклахома – Кливленд 106:77 (Кевин Дурант 25 п. 7 ск. Џеф Грин 19 п. Расел Вестбрук 14 п. 11 ас. / Ентони Паркер 12 п., Андре Варежао 7 п. 16 ск.).Л.А. Клиперс – Орландо 85:94 (Ерик Гордон 28 п. 8 ас. Блејк Грифин 27 п. 16 ск. / Двајт Хауард 22 п. 8 ск. Џамир Нелсон 17 п. 9 ас.).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.