Спорт
Лацио и Наполи се доближија до Милан
Поради смрзнатиот терен, одложено е градското дерби меѓу Сампдорија и Џенова што беше последниот меч од есенската полусезона во Серија А, од која останува да се одигра уште мечот меѓу Фиорентина и Интер
Лацио кој долго време се одржуваше на првото место за во финишот на првиот дел да му го препушти лидерството на Милан, сепак на крајот успеа да му се приближи на три бода разлика, и така најдобро да го искористи киксот на „росонерите“ кои во саботата беа поразени на нивниот „Сан Сиро“ од Рома со 0:1.Иако „бјанкочелестите“ на „Олимпико“ тргнаа силно и поведоа уште во 2. минута преку Хернанес, на крајот сепак до победата дојдоа со автоголот на Запата кога секој момент се очекуваше судијата да отсвири крај на мечот. Играчите на Удинезе во нитуе ден момент од мечот не беа во подредена ситуација, и двапати го стигнуваа водството на домашните, но за трето изедначување едноставно немаше време. Откако првото полувреме заврши со предност за Лацио од 1:0, првпат израмнија играчите на Удинезе уште во 49. минута по шутот со глава Алексис Санчез. Но замо три минути подоцна Џузепе Биава повторно носи предност за домашните, која повторно беше анулиран со гол постигнат со глава, дело на Герман Денис во 61. минута. И кога се чинеше дека Лацио ќе мора да се задоволи со бод, во 90. минута гостинскиот играч Кристиан Запата незграпно реагирајќи на корнерот ја втурна топката во својот гол.Обратно од Лацио, Јувентус кој исто така бркаше победа за намалување на предноста на Милан на три бода и кој во минатото коло славеше токму врз лацијалите со што се израмни со нив тогаш на 30 бодови, не издржа и ги загуби трите бода во третата минута од судиското надополнување. „Старата дама“ поведе во 31. минута преки Фабио Кваљарела, а откако во 16. минута од првото полувреме играчот на Киево, Микеле Марколини не реализираше пенал, во 90+3. минута, екипата се рехабилитираше со голот на Серџо Пелисиер. Притоа треба да се спомене дека Јуве 40 минути играше со играч помалку, откако во 52. минута црвен картон му беше покажан на Мануел Џјандонато.Белегот на колото головите во последните моменти од мечевите му донесе среќа и на Наполи. Откако во текот на целиот регуларен тек сега второпласираниот Наполи не успеа да ја погоди мрежата на претпоследното Лече, Енисон Кавани предизвика вулканска ерупција на градскиот стадион во Неапол со погодокот во третата минута од судиското продолжение. Парма и Болоња одиграа без голови, а бодовите го поделија и Бари и Палермо, но со резултат 1:1. Стрелец за домаќините беше Андреа Масиело во 54. минута од пенал а за Палермо Јосип Илчич во втората минута од судиското надополнување, но на првото полувреме.Катанија со голот на Макси Лопез во 34. минута ја совлада Бреша.Милан е на чело од Серија А со 36 бодови, а Наполи и Лацио имаат по 33, додека четврти е Јувентус со 31 бод. Минатогодишниот освојувач на титулата Интер е седми со 23 бодови и меч помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.
Спорт
Ливерпул замената за Клоп ја најде во Лисабон
Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.
Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.
Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.
Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.
„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.