Спорт
Јунајтед одвај до победата
Лидерот во англиската Премир лига, екипата на Манчестер јунајтед го казни промашениот пенал на домаќинот Вест бромвич албион и го совлада со 2:1 во првиот меч од 21-то коло
Ова е само втора победа на гости за Манчестер јунајтед оваа сезона, покрај седумте ремија. Таа посебно е значајна затоа што напаѓачот на манчестерските „црвени ѓаволи“, Вејн Руни постигна погодок по постот кој траеше од ланскиот март. Тогаш последен пат постигна гол од игра против Баерн во Лигата на шампионите. Сезонава еден од најскапите играчи на англиската Премиер лига постигна само два погодока, и тоа и двата од најстрогата казна. Манчестер јунајтед дојде во водство уште во третата минута на стадионот во „Хауторнс“, кога Руни ефектно со глава го искористи нафрлувањето од левата страна на Патрис Евра.Меѓутоа Вест бромвич албион изедначи уште во 14. минута, со одличниот волеј од линијата на шеснаесетникот на Џејмс Морисон, кој со десната нога шутираше во спротивниот дел од гол на Јунајтед. Во продолжението, домаќините имаа голема моќност да поведат во 63. минута. Рио Фердинанд го фаулираше во својот шеснаесетник Џером Ромас, но изведувачот на најстрогата казна Питер Одемвинги успеа да го промаши целиот гол на Томаж Кужчак.Непишаното фудбалско правило за неискористените стоотстотни шанси уште еднаш беше потврдено на овој меч, во 75. минута. Овојпат Руни нафрли од корнер а осамениот во шеснаесетникот на домаќините Хавиер Ернандез лесно со глава го постигна водството од 2:1, што беше и конечниот резултат.Меѓутоа, цената на оваа тешка но значајна гостинска победа зема свој данок во повторната победа на Вејн Руни кој во 88. минута поткуцнувајќи на едната нога излезе надвор од теренот, но сер Алекс Фергусон го врати во игра, бидејќи претходно ги имаше извршено сите три замени.Непосрдно пред овој меч менаџерот на „црвените ѓаволи“, Фергусон соопшти дека клубот, за разлика од конкурентите, нема намера да купува фудбалери во јануарскиот преоден рок.„Не верувам дека такво нешто ќе се случи. Не можете никогаш да гарантирате дека нема да се појави некој интересен фудбалер, но такви работи обично не се случуваат во јануарскиот преоден рок“, рече сер Алекс.Градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер сити веќе најави дека ќе плати околу 38 милиони евра за Един Џеко од германски Волфсбург, Челзи трага за одбранбен фудбалер, додека Арсенал би можел да доведе голман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.