Спорт
Приведени 15 навивачи на Ливерпул и Манју
Многу одамна славните фудбалски хулигани беа избркани од англиските стадиони, но во неделата по мечот меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“ полицијата мораше да интервенира и да притвори 15 агресивни фанатици
Англиската полиција потврди дека уапсила вкупно 15 навивачи заради нарушување на мирот. Полицијата во Манчестер го обезбедуваше овој меч со засилени единици, имајќи предвид дека дуелот меѓу двата најтрофејни клуба секогаш носи зголемени емоции. Покрај тоа безбедноста беше зголемена и поради тоа што навивачите на Ливерпул подготвуваа спектакуларен пречек на клупската легенда Кени Далглиш кој првпат се јави како тренер на „редсите“ .Во официјалното соопштени на полицијата се додава дека биле спречени безредија од поголеми размери. Една од причините за незадоволството кај гостинските навивачи се бара во нивното несогласување со одлуката на судијата Хауард Веб да досуди најстрога казна уште во 3. минута од мечот по стартот на Даниел Агер врз Димитер Бербатов во својот казнен простор. Како што подоцна излезе, тоа беше и решавачкиот момент на мечот, како и половина час подоцна кога капитенот Стивен Џерард доби црвен картон заради остриот старт воз Михаел Карик. . Англиската фубалска федерацаја исто така најави дека ќе го казни фудбалерот на Ливепул, Рајан Бабел кој на својот Твитер профил објавил обработена фотографија на арбитерот Веб во дрес на Манчестер јунајтед со зајадлив коментар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.