Контакт

Спорт

Скандинавците први полуфиналисти на ракометниот Мундијал

Објавено пред

Ракометните репрезентации на Данска и Шведска се првите кои изборија пласман на дваесет и второто Светско првенство, чии домаќин е Шведска.Пласманот меѓу четирите најдобри овие две репрезентации го обезбедија по комплетирањето на дуелите од второто коло во четвртфиналната М2 група. Домаќинот Шведска во дербито со 29:25 го победи сеуште актуелниот светски вицепрвак, селекцијата на Хрватска. Данска имаше полесна работа и без многу труд забележа победа над изненадувањето на Мундијалот, Аргентина, со 31:24. Во последниот меч од групата, во драмантичен натпревар Полска ја победи Србија со 27:26. Табела: Данска 8, Шведска 6, Полска 4, Хрватска 3, Аргентина 2, Србија 1.Во последното коло Данска и Шведска ќе го дадат победникот во групата, на другите две средби ќе играат: Полска-Хрватска и Србија-Аргентина. На Светското првенство селекциите кои не изборија пласман во четвртфиналните групи се играа натпревари за пласман, резултати:Тунис-Романија 29:30Австрија-Словачка 35:39Чиле-Бразил 18:28Австралија-Бахреин 23:33.  крај/макфакс/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Липи без решение за кинескиот фудбал – тресна со раката на масата и си даде оставка (видео)

Објавено пред

Марчело Липи си даде оставка од позицијата селектор на кинеската репрезентација по 2:1 поразот во квалификациите за СП 2022 година од Сирија во Дубаи во четвртокот.

Италијанецот си замина по прес-конференцијата откако Кина остана на пет поени зад лидерите Сирија по половина од квалификациите.

„Мојата плата е многу висока и јас ќе ја преземам вината. Си заминувам од селекторската позиција“, изјави Липи.

Победниците од осумте азиски квалификациски групи се пласираат во следната рунда, заедно со четири најдобри второпласирани. Кина нема пласман на СП од 2002 година и сега имаат седум поени заедно со Филипините, додека Сирија има максимални 12 поени по четири натпревари.

Ова е вторпат оваа година 71-годишниот Липи, славниот италијански тренер кој на „аѕурите“ им донесе светска титула во 2006 година да си амине од поицијата. Тој си даде оставка по поразот во четвртфиналето на Азискиот куп во јануари, пред во март да се врати на местото на својот сонародник Фабио Канаваро.

Прикажи повеќе...

Спорт

Најтрофејните тениски браќа најавија крај на кариерата

Објавено пред

Најдобриот тениски машки дубл во историјата, браќата-близнаци Боб и Мајк Брајан најавија крај на кариерата. Тие ја информираа јавноста дека ќе се повлечат од „белиот спорт“ после УС-опен идната година.

Американските близнаци се освојувачи на рекордни 16 грен слем титули, а идната година ќе наполнат 42 години.

Браќата Брајан заедно освоија дури 118 титули, меѓу кои 39 Мастерси, но и еден Дејвис куп, во 2007 година.

Тие беа бронзени на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.

Дури десетпати годината ја завршуваа на првото место во двојки.

Прикажи повеќе...

Спорт

Чиле одби да игра притив Перу, фудбалерите го бојкотираат претседателот Пињера

Објавено пред

Бојкот се случи во Чиле откако фудбалските репрезентативци на оваа јужноамериканска земја одбија да излезат на теренот и да го одиграат пријателскиот меч со селекцијата на Перу, во Лима. Претходно беше одложен и мечот што Чиле требаше да го игра против Боливија.

Фудбалскиот сојуз на Чиле објави дека бил одржан состанок со најискусните репрезентативци, како претставници се појавиле Артуро Видал и Клаудио Браво. Одлучено било никој од фудбалерите да не се појави на теренот. Поради тоа тие веднаш се вратиле во своите клубови.

„Ние сме фудбалери, но пред се луѓе и граѓани на оваа земја. Чиле моментно има поважни работи од мечот во вторник“ – напиша на твитер капитенот на селекцијата, Гари Медел.

Играчите на овој начин го изразиле својот протест против актуелниот претседател на Чиле, Мигуел Хуан Себастијан Пињера кој се наоѓа под силен притисок на народот во својата земја.

Во Чиле се случува најголемиот протест од 1990 година па досега, а се започна откако беше поскапен јавниот превоз во земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура1 час

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија2 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион3 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија5 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет7 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија9 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија9 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија9 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија9 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет10 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа11 час

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија11 час

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион22 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион24 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија1 ден

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија1 ден

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Досие