Контакт

Спорт

Работнички и МЗТ за завршниот турнир во Купот на Македонија

Објавено пред

Кошаркарските екипи на Работнички и МЗТ му се приклучија на Фени индустри како тимови кои изборија пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. Скопските ривали и во реванш натпреварите забележаа победи над своите ривали Овче Поле, односно Лирија. Работнички со 83:73 го победи Овче Поле, додека МЗТ триумфираше над Лирија со 78:67. Последниот патник на завршниот турнир во Лупот на Македонија Ќе биде познат по одигрувањето на возвратниот дуел помеѓу АБА Струмица и Торус. Екипата од Струмица по првиот натпревар има предност од 62:60. Завршниот турнир на кој ќе учествуваат четири екипи ќе се одигра кон крајот на месец март. Македонската кошаркарска репрезентација дополнително, по пат на лицитација, ќе го одреди градот домаќин. крај/макфакс/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Солари: Сакам да работам во Премиер лигата

Објавено пред

Поранешниот тренер на Реал Мадрид Сантијаго Солари открил дека сака да работи во Премиер лигата.

Аргентинецот неколку месеци, минатата сезона, беше тренер на Реал. Доби отказ по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите.

Неодамна тој бил уловен на трибините на „Стенфорд Бриџ“ како го следи натпреварот помеѓу Челси и Кристал Палас, поради што британските медиуми шпекулираат дека тој наскоро ќе работи во Премиер лигата.

„Би сакал да работам во Премиер лигата. Често ги гледам натпреварите. Ова е врвно првенство кое се наоѓа во еден од најдобрите периоди во својата историја. Тука играат врвни играчи и работат некои од најдобрите тренери во светот. Покрај сите тие различни националности и стилови на игра да не заборавиме дека минатата сезона финалистите во Лигата на шампионите и Лига Европа беа од Премиер лигата“, истакнал Солари.

Покрај искуството што го има со првиот тим на Реал, Солари бил тренер и на Б екипата на „кралскиот клуб“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јанис со моќен трипл-дабл го запре Портланд (Видео)

Објавено пред

Кошаркарите на Милвоки бакс ги победија Портланд трејлблејзереси, 137:129, во еден од двата натпревари што се одиграа изминатата ноќ во НБА-лигата. Во вториот натпревар Њу Орлеанс пеликанси славеа над Финикс Санс, 124:121.

Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо од почетокот го контролираа натпреварот, водеа од првата минута, Портланд се обидоа во финишот, но не успеаја да се вратат во мечот.

„Грик Фрик“ Адетокумбо имаше лоша шутерска вечер, но ги наполни сите статистички колони со импресивни бројки. Гркот погоди девет од 27 шутеви, а мечот го заврши со 24 поени, 19 скока и 15 асистенции. Најефикасен во редовите на Милвоки бакси беше Ерик Бледсо со 30 поени.

Двоцифрен број поени кај Бакс постигнаа уште Пет Контан (18), Ди Виченцо (16), Весли Метјуз (12) и Брукл Лопез (10).

Портланд, како и на претходниот, играа без најдобриот играч Демијан Лилард. Во тимот беше Кармело Ентони, кој одигра добра меч (18 поени, седум скока, четири асистенции).

Брилијантен меч за Портланд одигра Си-Џеј Мекалум (37 поени, шест скока, 10 асистенции).

Милвоки имаа скор 12/3 и се лидери на Истокот, додека Портланд со скор 5/11 се на 14 место на Западот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кастратовиќ останува тренер на Металург

Објавено пред

Кратко траеше драмата во ракометниот клуб Металург, откако по состанокот со челниците на клубот тренерот Зоран Кастратовиќ остана на функцијата.

Кастратовиќ, претходно, си поднел оставка поради недоразбирањата што ги имал со одредени играчи.

Инаку, Кастратовиќ е вториот тренер кој си поднесува оставка во клубот од почетокот на сезоната. Претходно Дамир Стојановиќ, кој само еден месец беше кормилар на „Металурзите“, реши да ја напушти Автокоманда.

Ракометарите на Металург за три дена ќе играат против Горење во ЕХФ купот. На Металург му е потребна победа со повеќе од пет голови разлика за да се пласира во фазата по групи во ова натпреварување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Пендаровски пречекан во Србија со највисоки државни почести

Претседателот Стево Пендаровски утрово во 10:30 часот пристигна во „Палата Србија“. Со интонација на македонската и на српската химна, претседателот...

Регион48 минути

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Регион1 час

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина, особено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот,...

Свет3 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет3 часа

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија4 часа

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија4 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија15 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија16 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија17 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија19 часа

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија20 часа

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија23 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија24 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија1 ден

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија1 ден

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија1 ден

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет1 ден

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет1 ден

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Досие