Спорт
Успешно деби за Адебајор во Реал
Фудбалерите на Реал Мадрид во 22-то коло од Ла Лига рутински го совладаа Реал Сосиедад со 4:1 и повторно се вратија на седум минус зад Барселона
Веќе однапред вкалкулираните бодови Реал ги потврди уште во 8. минута со погодокот на Кака, а Кристиано Роналдо во 21 и 42. минута потврди дека екипата е стабилизирана од претходните киксови кои и’ овозможија на Барселона да ја зголеми бодовната предност во трката за титулата на големи седум бодови. Гостите намалија на 1:3 со автоголот на Алваро Арбелоа во 72. минута, откако претходно Икер Касиљас го одбрани ударот на Тамуда, а за 4:1 погоди со својот прв гол за Реал, Емануеле Адебајор. Исто како и неговиот клуб и Роналдо по четири мечеви без постигнат гол, сега со 24 погодоци се изедначи на врвот од голгетерската листа со Лионел Меси кој во саботата навечер против Атлетико Мадрид постигна хет-трик. Покрај ова Роналдо постигна и клупски рекорд бидејќи со вечерашните два гола постигна 50 погодоци за Реал во 51 меч, а досега најбрзо до 50-от гол во дресот на мадридските кралеви стигнал легендарниот Унгарец Ференц Пушкаш – за 54 мечеви. Реал Сосиедад остана на 10-та позиција со 28 бодови, без шанси за борба за повисок пласман излез во европските натпреварувања, но и без посебен притисок од испаѓање од лигата. Во дербито на Андалузија, Севиља киксираше против Малага играјќи без голови. Малага по три пораза во низа освои еден бод и сега има 18 и може да се надева на чудо и спас затоа што до 12-та Сарагоса која има 23 бодови, другите екипи имаат по 22 и ги очекуваат тешки натпревари за опстанок. Во последниот меч од 22-то коло на шпанското фудбалско првенство очекувано Валенсиа со 2:0 го совлада Херкулес, со головите на Адуриз во 43. и Тино Коста во 52. минута. По киксот на Виљареал во саботата која дома беше поразена од до ова коло последниот Леванте, Валенсија го напаѓа нејзиното трето место на табелата но сега со еден бод заостанување. Херкулес остана на 22 бодови и на несигурното 15-то место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.