Спорт
Барса запрена од Спортинг
По 16 победи во серија, Барселона одигра 1:1 на гостувањето кај Спортинг Хихон, давајќи му можност на Реал кој утре гостува кај Еспањол да ја намали нејзината предност на пет бодови
Застрашувачкиот напад на Барселона конечно попушти, и тоа на „Ел Молонон“. Спортинг со само еден шут кон голот на Виктор Валдез долго водеше и се чинеше дека ќе и’ го нанесе на забревтаната Барселона вториот овосезонски пораз. Малку беше за верување дека токму во Хихон каде Барселона победувала изминативе 16 години, и која се наоѓаше во серија од десет победи на гостувањата, фудбалерите на Хосеп Гвардиола ќе спасуваат бод. Рака на срце, откако Давид Барала во 16. минута погоди за водство на домашните, голманот на Спортинг Иван Куељар имаше безброј успешни интервенции, а затворената игра на неговата екипа ги блокираше сите продори на каталонските ѕвезди. Се’ до 80. минута Куељар им одолеваше на противничките напади а тогаш беше совладан со вдахновениот лоб удар на Давид Виља. Во преостанатите 15 минути вклучително и судиското продолжение, Барса се обиде да дојде и до другите два бода, но Педро на додавање од Меси не успеа да ја протне топката во празната мрежа, а Куељар имаше уште една успешна интервенција на шутот Чави од дваесетина метри. За одбележување е и податокот дека Барселона ја имаше во посед топката дури 78 отсто, но не успеа да ја постигне и 17-та последователна победа со што ќе го израмнеше рекордот во најсилните европски лиги што го држи Интер. Сега на потег за спасување од монотонијата во завршницата на првенството во Ла Лига, треба да се погрижи Реал Мадрид кој во недела му гостува на Еспањол. Со победа мадриѓаните ќе ја намалат предноста на Барселона на релативно лесно достижни пет бодови. Атлетико Мадрид во премиерниот меч од 23-то коло на Примера во саботата го доживеа третиот домашен а четврт во серија пораз. Иако преку Хосе Антонио Рејес, Атлетико уште во 3. минута дојде во водство, откако Диего Форлан во 68. минута не искористи пенал, Валенсија во 44. минута го изедначи резултатот со голот на Хоакин, а во 86. минута истиот играч ја запечати судбината на домашните. Со новите три бода, Валенсија ги искористи киксевите на Виљареал и засега го презема третото место. Дали таму ќе остане, зависи од исходот на утрешниот меч меѓу Депортиво и Виљареал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Ако се повредат Ѓоковиќ, Синер, Алкараз тогаш Надал може да го освои Ролан Гарос“
Поранешниот тренер и стрико на Рафаел Надал, Тони зборуваше за „АС“ пред стартот на Мастерсот во Мадрид. Неговиот внук, Рафа, во Мадрид ќе го одигра вториотпоследовен турнир, откако по долгата пауза настапи на турнирот од серијата 500 во Барселона, каде во второто коло беше поразен од Алекс Де Минор.
Јасна е целта на Надал, овие турнири ги користи како подготовка за Ролан Гарос, турнир кој 14 пати го освоил вотекот на кариерата.
„Секако, Рафа може да го освои Ролан Гарос, но прво треба да се погрижиме Алкараз, Ѓоковиќ, Синер и останатите да се повредат“, се пошегува Тони во интервју за шпански „Ас“ и додаде:
„Сите знаеме дека нема играно скоро една година. Кога се појави на теренот во Барселона, поминаа околу 700 дена без да негов настап на земјена подлога“.
Сепак, Рафа нема да се откаже.
„Има уште еден месец до почетокот на Гарос. Доколку успее да го доведе телото да го подготви физички, ќе му требаат само неколку натпревари, но под услов ждрепката за првите неколку кола во Париз да не биде тешка. На Отвореното првенство на Австралија пред две години, помислив дека не може да победи никого. Во првите две кола лошо се движеше, но некако успеа да дојде до четвртфиналето и се се смени, успеа да ја освои титулата“.
Спорт
„Поради Белингем ќе заврне дожд од милиони евра во Дортмунд“
Шпанските медиуми најавуваат огромен паричен бонус за Борусија Дортмунд поради настапите на Џуд Белингам оваа сезона.
Белингем блесна во својата прва сезона во Реал Мадрид, како најдобра стрелец го предводи тимот до титулата во Ла Лига и полуфиналето на Лигата на шампионите.
20-годишниот Англичанец минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 103 милиони евра, но трансферот може да се зголеми поради одредени бонуси.
„Ќе заврне дожд од милиони евра во Дортмунд“, пренесува весникот „АС“.
Наводно, преку дополнителни бонуси за постигнати голови, индивидуални и клупски трофеи, Борусија би можела да заработи уште 30 милиони евра.
Белингем постигна 17 гола со четири асистенции на 25 натпревари во Ла Лига. Во сите натпреварувања, Англичанецот постигна 21 гол на 36 натпревари со десет асистенции.
„АС“, наведува дека ова ја зголемува вкупната сума на трансферот, која може да се зголеми во зависност од минутите што ќе ги одигра Белингем до крајот на сезоната и можниот избор во идеалните тимови во Ла Лига и ЛШ.
Белингем, во понеделникот стана лауреат на Лауреус, добивајќи ја наградата за „Пробив на годината“.
„АС“, во својот текст посочува дека германскиот клуб исто како и мадриѓаните го слави секој негов настап, гол, асистенција…
Спорт
(Видео) Минесота го одбрани домашниот терен, брејк направија Далас и Индијана
Кошаркарите на Минесота повоедоа со 2-0 во серијата против Феникс, додека Далас и Индијана изедначија на 1-1 во сериите против ЛА Клиперс, односно Милвоки.
Минесота го одбрани домашниот терен против Феникс. По убедливата победа во првиот натпревар (120:95), во вториот Волците славеа со 105:93
Најефикасен во победничкиот тим беше Џејден МекДаниелс со 25 поени и осум скока, а го следеа Руди Гобер и Мајк Конли со по 18 и Ентони Едвардс со 15 поени.
Најефикасни кај Феникс беа Девин Букер со 20 и Кевин Дурент со 18 поени.
Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата 96:93 во Лос Анџелес, над Клиперси.
Словенечкиот репрезентативец забележа 32 поени, шест скока и девет асистенции.
Двоцифрен учинок имаа Кајри Ирвинг со 23 поени и шест скока, Пи Џеј Вашингтон со 18 поени и шест скока, како и Дерик Џонс Јуниор со 10 поени и седум скока.
Кај Клиперси се истакна Џејмс Харден со 22 поени, шест скока и осум асистенции. Исто број на поени постигна Пол Џорџ.
Брејк направија и кошаркарите на Индијана, тие убедливо победија во Милвоки 125:108.
Пејсерси ги предводеше Паскал Сијакам со 37 поени (16/23 шут од поле, 3/4 за три), 11 скока и шест асистенции.
Во чекот го следеа Мајлс Тарнер со 22 поени, седум скока и шест асистенции, додека Тајрис Халибартон додаде 12 со исто толку асистенции.
Одличен беше и Ендрју Нембард со 20 поени, а Арон Несмит додаде 11 со седум асистенции и пет скока.
Во отсуство на Јанис Адетокумбо, Милвоки имаше само двајца расположени играчи, Демијан Лилард постигна 34, а Брук Лопез 22 поени.