Спорт
Лацио се поправа
Фудбалерите на римски Лацио и Удинезе стигнаа до значајни победи на гости во 25-то коло од Серија А
По серијата резултатски осцилации, Лацио со победата од 2:0 над Бреша успеа да го држи чекорот со водечките на табелата. Со оваа победа привремено се искачи на третото место минувајќи го Интер. Стрелци за „бјанкочелестите“ во мрежата на Бреша која се бори за опстанок во Серија А, беа Гонзалес во 17. и Козак во 58. минута.Исто како и Лацио, и Удинезе во неделата ја забележа петтата победа во гости. Овојпат со 3:0 е совладана Чезена, која исто како и противникот на Лацио – Бреша се наоѓа на претпоследното место од табелата и до крај полека ги губи надежите за опстанок. Сега Удинезе се искачи на петтото место и ќе се бори за четвртата позиција во Серија А која води во Лигата на шампионите. Херој на мечот кај Удинезе беше повторно 33-годишниот ветеран Антонио Динатале кој постигна два гола, во 41. и 75. минута, додека третиот го посигна Инлер во 70. минута. Динатале сега има два гола помалку од водечкиот на листата на стрелците во италијанското првенство, уругвајскиот голгетер на Наполи – Единсон Кавани кој постигна 20 погодоци.Гостинска победа во ова коло постигна и Фиорентина, која на гостувањето на Сицилија го совлада Палермо со 4:2, иако на само 20 минути пред крајот на мечот домашните водеа со 2:1. Возбудливиот меч започна со голот за домашните што го постигна Пасторе во 7. минута, а гостите изедначија преку Џиралдино во 36. минута. Сицилијанците повторно на почетокот од второто полувреме дојдоа во водство преку Ночерино во 48. минута, но Фиорентина направи пресврт почнувајќи од изедначувањето постигнато преку Кампорезе во 70. минута, а потоа до трите бода дојде со автоголот на Бово во 78 и погодокот на Монтоволио во 88. минута.Според се’ судејќи, овој кикс на домашен терен ќе го чини Палермо можност за борба за излез во Лигата на шампионите, затоа што сега аостанува зад конкурентите Интер и Удинезе, четири односно три бода. Фиорентина, пак, со победата се зацврсти на средината од табелата и е 10-та со 32 бода.Опишаниот Бари ремизираше на домашен терен со Џенова без голови. Ова беше шесто реми за Бари, кој освен трите победи забележа и 16 порази Џенова е 14-та со 29 бодови и меч помалку од конкурентите кои се трудат да ја избегнат опасната зона. Во дербито од средината на табелата, Каљари високо со 4:1 го совлада Киево. Стрелци беа Конти во 19., Канини во 29. и Нене во 44 и 71. минута за домашните, додека гостите почесниот погодок го постигнаа во 84. минута преку Теро. Каљари сега е 9-ти со 35 бодови, додека Киево остана на 11-та позиција со 31 бод. Катаниа и Лече одиграа фантастично второ полувреме полно со пресврти. Домашните заминаа на полувреме со предност откако во втората минута од судиското продолжение погоди Силвестре, но гостите направија пресврт преку Џеда во 56. минута и Мунари во 61. минута. Среќен ден за Катаниа имаше Лоди кој со голвоите постигнати во 80. и 85. минута направи уште еден пресврт на мечот и донесе важни три бода за домашните, бидејќи со оваа победа Катанија го мина Лече на табелата во зоната која е во опасност од испаѓање од лигата и сега има два бода предност. Катанија имено е 16-та а Лече е на 17-то место.Сампдорија го реши победникот уште во првите 15 минути од мечот со Болоња кога погодија Паломбо во 8., Касталдељо во 11. и Макароне во 15. минута, по што гостите преку Папони во 65. минута успеаја само да намалат на 3:1. Сампдорија и Болоња се во групата екипи кои засега се релативно на безбедна оддалеченост од опасните места, Сампдорија е 2-та с 30 бодови, додека Болоња е 14-та со бод помалку.Вечерва се игра дербито на 25-то коло, во кое Јувентус кој минатото коло по три неуспеха оствари победа го пречекува забревтаниот Интер кој пет кола во серија е непоразен и има шанса со победа да се врат на третото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брејк на Фенер во Монако и на Олимпијакос во Барселона
Кошаркарите на Фенербахче и Олимпијакос славеа како гости бво Монако и Барселона, во првите плеј-оф натпревари во Евролигата.
Фенербахче, во малото кнежевство славеше по дополнителните пет минути со 95:91. Во регуларниот дел натпреварот заврши 81:81. Победата на Фенер ја засени повредата на Скоти Вилбекин, кој веројатно нема да биде подготвен за вториот натпревар.
Во победничкиот тим најефикасен беше Најџел Хејс-Дејвис со 19 поени, Ник Калатес додаде 17, а Нејтан Сестина 16 поени.
Во редовите на Монако Ели Окобо имаше 19, а Џордан Лојд и Мајк Џејмс постигнаа по 16.
Следниот натпревар се игра на истото место во петок на 26 април од 19 часот.
Олимпијакос во „Палау Блауграна“, го контролираше натпреварот од првата до последната секунда и заслужено ја победи Барселона со 77:75. Имаше Олимпијакос 13 поени предност во третиот период, Барселона се врати во мечот со серија 8:0. До крајот на натпреварот играчите на грчкиот тим ги одбија сите напади на Барселона.
Црвено-белите до брејк стигнаа со 15 поени на Најџел Вилијамс-Гос, 14 на Ајзеа Кенан, додека Петрушев имаше 12 со пет скока, а Мустафа Фал 11 поени.
Во тимот на Барселона Вили Ернангомез и Џабари Паркер постигнаа по 13 поени, Алекс Абриаес 11, а Рики Рубио 10 поени.
Вториот меч на програмата е во петок во Барселона.
Спорт
(Видео) Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија
Аталанта вечерва избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.
Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.
Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.
И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.
Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.
Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.
Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.
Финалето е закажано за 15 мај.
Спорт
(Видео) Евертон ги згасна шампионските сништа на Ливерпул
Шампионските сништа на Ливерпул во „Мерсисајд“ дербито ги згасна Евертон. „Карамелите“, вечерва славеа со 2:0 и прв пат по 14 години славеа како домаќини над градскиот ривал.
Корнерите му пресудија на Ливерпул на „Гудисон парк“. Најпрвин реализираше Брејтвајт во 27., а точка на мечот стави Калверт-Лувин во 58.минута.
Ливерпул остана втор на табелата со три бода помалку од Арсенал, трет е Манчестер сити со четири бода и два натпревари помалку.
Евертон, со сите проблеми што ги има сезонава (одземањето на бодови), се чини дека со овој триумф го обезбеди опстанокот во лигата.
На „Олд Трафорд“, нова мачна партија на Манчестер јунајтед. Тимот на Тен Хаг губеше до 61.минута од најслабиот тим во Премиер лигата. На крајот „црвените ѓавли“ славеа со 4:2.
Шефилд поведе во 35. минута преку Богл, а Мегваер израмни во 42. Гостите го вратија водството во 50. минута, кога Чилеанецот Бреретон-Дијаз го совлада Онана. Бруно Фернандеш од пенал во 61. минута изедначи на 2:2.
Во финишот дојде до израз напаѓачкиот квалитет на Јунајтед, па домашните славеа со головите на Бруно Фернандеш во 81. минута и Хојлунд во 85. минута.
Кристал Палас е во одлична форма под водство на новиот менаџер Оливер Глезнер, а по Ливерпул и Вест Хем неговата сила ја почувствува и Њукасл. Двоен стрелец беше Матета во 55. и 88. минута.
Во Вулверхемптон, Бурнемаут со голот на Семења во 37. минута победи со 1:0.