Спорт
Јуве го запре Интер
Во дербито на 25-то коло од Серија А, на „Деле Алпи“ домашпниот Јувентус со голот на Матри го совлада актуелниот шампион Интер со 1:0
Таканареченото Дерби за Италија, поради средбата на двата најтрофејни италијански фудбалски клуба, донесе игра како што најчесто се гледа кога на теренот се надигруваат гигантите кои не смеат да си дозволат кикс.Решавачкиот потег на мечот го направи Алесандро Матри во 30. минута од мечот, кога осамен од пеналтикот со глава го совлада Сезар. Матри откако на крајот од јануари премина од Каљари во трите досегашни натпревара за торинската „стара дама“ се покажа клучен играч во двете последователни победи на Јуве кој претходно беше во лоша серија. Минатото коло на својот довчерашен клуб му даде два гола за гостинската победа на Јувентус од 3:1.Но се чини дека Самуел Ето е решавачката, односно трагичната фигура на мечот. Камерунецот не успеа да реализира три убави шанси пред Џиџи Буфон во второто полувреме од кои две во самата завршница кога еднаш пред домашниот голман од левата страна ја промаши топката и уште повеќе кога влета од заднина и биеше кон сосема небранетиот противнички гол но помалку од пет-шест метри ја погоди пречката. Претходно на едно уфрлување пред противничкиот одличниот Буфон му го скрати голот на Ето и тој едноставно мораше да биде во неговата нога. Исто така треба да се одбележи и одличната одбрана на данскиот јуниор Соренсен против Ето, кој воедно и центрираше до Матри при постигнувањето на единствениот гол. Како што се очекуваше гледавме тврд меч во кој за нијанса во првото полувреме беа подобри домашните кои ги користеа пропустите на интеровата одбрана. Леонардо, кому ова е само втор пораз откако го презема Интер, со проретчен заради повреди тим дури во второто полувреме, кога влезе во игра и Горан Пандев, се обиде поконкретно да го нападне противникот. Дури последните дваесет минути, „нераѕиуирте“ беа речиси комплетно преселени на противничката половина. Но одбраната на Јувентус беше присебна, а неколкуте нејзини пропусти, како во 88. минута, Ето не успеа да ги казни. Поразот го оддалечи Интер повторно на осум бодови од водечкиот Милан и сега е четврти со 44 бодови, но во среда го игра заостанатиот меч на гостувањето кај Фиорентина, па може да се надева дека ќе го мине Лацио на третата позиција кој има 45 бодови. Јувентус собра 41 бод и е на 6-то место па му претстои голема борба да дојде до четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.