Спорт
Ливерпул oдвај ја мина Спарта

Најдраматичните мечеви во Европа лигата во четвртокот ги одиграа островските клубови, во кои Ливерпул среќно ја мина прашка Спарта а глазговски Ренџер во последните секунди го елиминираше лисабонски Спортинг
Кени Далглиш кој имаше релативно позитивен но и незгоден резултат од првиот меч во Прага (0:0) изведе на теренот значително ослабен Ливерпул без капитенот Стивен Џерард и двете јануарски засилувања Луси Суарез и Енди Карол, кој не се покажа уверлив против цврстата Спарта. Малку недостигаше и овој меч да заврши со идентичен резултат без голови, но Дирк Кајт беше снаодлив во 86. минута, откако корнер изведе Раул Меирелес.Ренџерс избори место во осминафиналето откако во третата минута од судиското продолжение изедначија на 2:2, преку Еду. Ова беше многу интересен натпревар полн со пресврти. По глазговските 1:1 во Лисабон прво Диуф во 20. минута ги доведе во водство гостите, а домашните изедначија преку Мендес во 42. минута. Спортинг дојде во водство во поведоа гостите преку Џало во 83. минута а десет минути подоцна неколку мига пред последниот свиреж на судијата дојде студениот туш за домашните навивачи. Инаку во дербито на вечерта Виљареал го совлада Наполи со 2:1, иако италијанскиот претставник поведе со голот на Хамшик во 17. минута. Меѓутоа „жолтата подморница“ уште во првото полувреме преку Нилмар во 42 Роси во 45. минута направи пресврт. Во второто полувреме фудбалерите на Наполи двапати ја погодија пречката, но не успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Во осминафиналето на најмасовното клупско првенство во Европа се пласираа три руски клуба. Зенит во реваншот надомести еден гол заостанување од првиот меч притв швајцарски Јанг бојс и во Санкт Петербург победи со 3:1. Московски Спартак по гостинската победа од 3:2 во минатиот меч во Швајцарија, така што на домашен терен против Базел се задоволи со 1:1. ЦСКА во вторникот се пласираше во двомечот против грчки ПАОК: Русија лесно можеше да има и четврт претставник, но Рубин од Казан беше елиминиран од холандски Твенте. Рубин на минус 15 Целзиусови степени во првиот меч загуби дома со 0:2, што веќе до 24 . минута ги имаше надоместено кај Твенте со головите на Ансалд во 22. и Нобоа во 24. минута. Сепак во судиското дополнување од првиот дел нмали Јансен а во 47. минута конечните 2:2 ги постави Даглас. Брага против Лех го надомести поразот од 0:1 и на свој терен победи со 2:0. Пари сен жермен во првиот меч против белорускиот БАТЕ Борисов одигра 2:2, па му беше доволно и 0:0 дома за пласман во осминафиналето. Манчестер сити сосема рутински го одработи двомечот со грчки Арис. На првиот меч беше 0:0 а во четвртокот навечер на градскиот стадион во Манчестер домашните беа убедливи со 3:0.Високите обеди на Динамо Киев за кого настапи Попов и за Ајакс во првите мечеви на гости (Динамо 4:1 во Турција и Ајакс 3:0 во Белгија) беа потврдени на домашен терен. Динамо го совлада Бешикаш со 4:0 а Ајакс – Андерлехт со 2:0.Така двојките за осминафиналето во Европа лига се: Бенфика – ПАри сен жермен, Динамо Киев – Манчестер сити, Твенте – Зенит, ЦСК Москва – Порто, ПСВ Ајндховен – Ренџер, Баер – Вљареал, Ајакс – Спартак Москва и Ливерпул – Брага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Габри повторно се повреди

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри го повреди бутот и ќе мора повторно да отсуствува од теренот, соопшти денеска германскиот шампион.
Во саботата на натпреварот против Ајнтрахт, кој неговиот тим го загуби со 1:5, Гнабри во игра влезе од клупата за резерви во 66.минута, пет минути подцна го напушти теренот поради повреда.
Баерн објави дека Гнабри ја повредил тетивата на левиот бутен мускул и ќе ги пропушти „следните натпревари“.
Клубот не соопшти кога Гнабри ќе се врати, но тој може да ги пропушти преостанатите три натпревари до крајот на годината, два во Бундес лигата и пресметката на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Германскиот фудбалер сезонава имаше проблеми со повреди, откако во септември на дуелот против Преусен Мунстер во Купот ја скрши раката и одигра само пет натпревари во Бундеслигата, вклучувајќи го и вчерашниот.
Спорт
Дардер го одбил повикот од Барселона

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.
Дардер (29), откри дека во летниот преоден рок добил понуда од градскиот ривал на Еспањол, Барселона.
„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Маночу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.
Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол. Интересно е што се реши кариерата да ја продолжи во Мајорка, и покрај тоа што за него се интересираа и Барселона и Атлетико Мадрид.
Мајорка за трансферот на Дардер издвои осум милиони евра.
Спорт
Нема договор меѓу Наполи и Осимен

Нема напредок во преговорите меѓу Виктор Осимено и Наполи околу новиот договор. Наполи не се откажува од намерата Ниегиецот и во иднина да го предводи нападот на тимот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Двете страни во претходниот период се сретнале 13 пати, но договор се уште нема.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис сака Осимен да потпише нов договор со тимот до 2027 година.
Во Наполи сметаат дека тоа би можело да се случи до крајот на годината, но како што сега стојат работите, речиси и да не постојат шанси Осимен да го парафира новиот договор до крајот на 2023 година.
Нигериецот бара минималната годишна плата од 10 милиони евра.
За Осимен се заинтересирани многу клубови, најмногу од Саудиска Арабија, но тој не сака да ја продолжи кариерата таму, што ги зголемува шансите во иднина да го гледаме во дресот на некој клуб од Европа.