Спорт
Јунајтед гостува кај Виган
NULL
Викендов ќе се одигра некомплетното 28 коло во англиската Премиер лига. Колото е некомплетно поради одигрувањето на финалниот натпревар во Лига купот, помеѓу Арсенал и Бирмигмен. Дуелот е на програмата во недела во 17 часот. Лидерот на табелата Манчестер Јунајтед патува во Виган кај екипата која се бори за опстанок, но која во последните три кола нема пораз. Градскиот ривал Сити на домашен терен ќе игра со Фулам, екипа која како и Виган три кола не знае за пораз. Во дербито на екипите кои се борат за опстанок внимание привлекува натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Блекпул. Комплетни двојки:Сабота, 26 февруариАстон Вила-БлекбурнЕвертон-СандерлендЊукасл-БолтонВиган-Манчестер ЈунајтедВулверхемптон-БлекпулНедела, 27 февруариВест Хем-ЛиверпулМанчестер Сити-ФуламПонеделник, 28 февруариСтоук-ВБА. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Галатасарај сака да го задржи Осимен
Виктор Осимен летово привлече големо внимание, изненади и со одлуката кога го напушти Наполи да се пресели во редовите на Галатасарај.
Осимен на самиот на истекот на преодниот рок, откако не успеа да постигне договор со Челзи, реши да замине на позајмица во редовите на актуелниот шампион на Турција.
Тој не сакаше да остане во Наполи, а во тимот не го сакаше ниту тренерот Антонио Конте. На местото на Нигериецот, Конте го ангажира Ромелу Лукаку.
Осимен е на позајмица до крајот на сезоната, но челниците на турскиот клуб се надеваат дека ќе можат да го задржат и подолго во Истанбул.
Наводно, Галатасарај биле подготвени да му плати на Наполи близу 50 милиони евра за Осимен.
Ова сценарио е тежко остварливо, бидејќи Наполи бара поголема сума за напаѓачот, а и Осимен сака да игра во Премиер лигата.
Спорт
Дербито во Скопје без победник, гостински победи за Силекс, Гостивар и Струга
Фото/ facebook.com/fcshkendija
Пет натпревари се одиграа попладнево во рамките на 13.коло во Првата македонска фудбалска лига. Колото вечерва ќе го комплетира пресметката во Битола меѓу Пелистер и Вардар.
По оваа рунда Работнички остана лидер, но неговата предност се стопи на само еден бод. „Романтичарите“ втора рунда по ред одиграа натпревар без голови.
Попладнево ремизираа во дербито на колото со Шкендија во Скопје. Нерешениот резултат на Работнички и Шкендија, го искористија Силекс и Гостивар, кои со минимални гостински победи кај АП Брера, односно Шкупи, дојдоа на бод минус од лидерот.
Во трката за титулата се врати и актуелниот првак Струга ТЛ со победата 2:1 на гости кај Беса 1976. Струѓани имат три бода помалку од Работнички.
Резултати, 13. коло:
Работнички-Шкендија 0:0
АП Брера-Силекс 0:1
Беса 1976-Струга ТЛ 1:2
Шкупи-Гостивар 0:1
Воска спорт-Тиквеш 0:0
Табела:
Спорт
Атаман: Бостон не е светски шампион, мора нас да не победи
Ергин Атаман, тренерот на Панатинаикос повторно имаше интересна опсервација.
Турскиот стручњак, кој го предводеше грчкиот тим до титулата на завршниот турни во Евролигата, вели дека му пречи што Бостон Селтикс се нарекуваат светски шампиони.
Тој истакна дека шампионот во НБА мора да се натпреварува со Панатинаикос за да докаже дека навистина е најдобриот тим на планетата.
„Бостон Селтикс, вие не сте светски шампиони. Вие сте само шампиони во НБА. Ние сме најдобри во Европа. Ако сакате да докажете дека сте најдобри, дојдете да играте против нас. Ова е покана. Победи го Панатинаикос и тогаш си навистина најдобар“, изјави Атаман.