Спорт
Шалке финалист во германскиот Куп

Екипите на Дуизбирг и Шалке изборија пласман во финалето на фудбалскиот Куп на Германија.
Екипите на Дуизбирг и Шалке изборија пласман во финалето на фудбалскиот Куп на Германија. Во натпреварот кој беше прогласен за финале пред финалето, екипата на Шалке на „Алијанц Арена“ во Минхен го победи Баерн со 0:1. Погодокот кој го однесе Шалке во финалето го постигна ветеранот Раул Гонзалес. За Баерн ова е втор пораз по ред на домашен терен, во саботата во првенствен дуел загуби од Борусија Дортмунд. Ден предходно пласман во финалето избори Дуизбург со победата од 2.1 над Енерги Котбус. Финалниот натпревар ќе се одигра на 21 мај во Берлин. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Епска „ремонтада“ на Барса, преку Севилја и продолженијата во финалето на Копа дел реј

Барселона успеа да се пласира во финалето на Кралскиот куп на Шпанија, откако во неверојатно драматичен меч со 3:0 по продолженијата ја совлада Севилја за да се даде надеж дека во тешката сезона ќе се стигне до трофеј.
Каталонците мораа да надополнат предност од 0:2 од првиот меч, и започнаа фантастично, кога Усман Дембеле даде прекрасен гол во 12. минута. Но, по ова, тие не успеваа да го најдат патот до голот на гостите, а во 73. минута имаа совршена шанса за гол, кога беше досуден пенал. Меѓутоа, обидот на Луис Окампос заврши во рацете на Андре Тер Штеген и драмата продолжи.
Во 92. минута од мечот, гостите остана со играч помалку по вториот жолт картон на Фернандо, а две минути подоцна, Жерард Пике беше највисок во скокот за 2:0 и да примора продолженија, во кои Каталонците бргу стигнаа до 3:0 предност преку Мартин Брејтвајт во 95. минута од мечот.
Во финалето на Купот, Барса ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Атлетик Билбао и Леванте, каде што првиот меч во Баскија заврши 1:1.
Спорт
Нова „нула“ на Јунајтед, без сили кај Кристал палас

Манчестер јунајтед по четврти пат во последните пет меча одигрува без победник, а последните два меча воопшто не постигнува гол (три ако се смета дуелот од Лига Европа против Реал Сосиедад), откако на гостувањето кај Кристал палас беше 0:0. Со овој резултат, Манчестер сити пред нив беа на невозможни 14 поени, а Лестер е само поен зад нив.
Ниту со искусниот Единсон Кавани како стартер, тимот на Оле Гунар Солскјер не покажа многу имагинација во нападот против противник, кој да потсетиме на „Олд Трафорд“ ги торпедираше со 4:1.
Спорт
ПСЖ победи кај Бордо, Лил останува лидер по драмата против Марсеј

Пари Сен-Жермен стигна до 0:1 победа на тешкото гостување кај Бордо и недостасуваа минути за по 28 кола да се врати на врвот на француската Лига 1, пред Лил со два гола по 90-тата минута да стигне до 2:0 победа во дербито со Олимпик Марсеј и да го сочува врвот.
Пабло Сарабија го постигна единствениот гол на „Матму Атлантик“ во 20. минута од мечот, и тоа беше доволно за победа на „светците“, кои сега имаат 60 поени на второто место на табелата.
Бидејќи до 90-тата минута во Лил беше 0:0, со овој резултат ПСЖ ќе беше прв со подобра гол разлика, но Канаѓанецот Џонатан Дејвид постигна два гола во 90. и 94. минута, за Лил да остане прв со 62 поени. Во трка за титулата во Франција е и Лион на третото место со 59 поени, откако со 1:0 го совладаа Рен.
ЛИГА 1, 28.КОЛО
Бордо – ПСЖ 0:1
Лил – Марсеј 2:0
Монпелје – Лориен 1:1
Нант – Ремс 1:1
Стразбур – Монако 0:0
Брест – Дижон 3:1
Лион – Рен 1:0
Мец – Анжер 0:1
Ница – Ним 2:1
Сент-Етјен – Ленс 2:3
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер