Спорт
Седумка на Реал, хет-трик на Роналдо

Фудбалерите на Реал Мадрид ја декласираа Малага во последниот натпревар од 26-то коло, во Примера дивизија
На домашен терен Реал победи со 7:0, три гола постигна Кристијано Роналдо, два Карим Бензема, а по еднаш мрежата на Малага ја погодија Марсело и Ангел Ди Марија. Со оваа победа Реал повторно ја намали предноста на Барселона на седум бода.Предходно во ова 26-то коло Алмерија со играч повеќе освои само бод во дуелот со Расинг Сантандер. Гостите од Сантандер со играч помалку останаа во 17-та минута, а дваесет минути подоцна со голот на Колса го отворија резултатот. Бод на домаќинот, на половина од вториот дел му донесе Крусат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алиоски ќе замине од Лидс јунајтед

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Лидс јунајтед. Алиоски е во Лидс од 2017 година, а неговиот договор важи до 30.јуни 2021 година.
Англиските медиуми пишуваат дека Алиоски би сакал да остане во Лидс, дека му се допаѓа атмосферата во тимот и начинот на кој со тимот работи тренерот Марсело Бијелса, но не бил задоволен од новиот договор што му го понудиле клупските челници.
Поради тоа тој веќе му кажал на менаџерот да му бара нов клуб. Најверојатно, од наредната сезона, Алиоски ќе го носи дресот на Галатасарај.
Алиоски, сезонава, настапил на 23 натпревари во Премиер лигата, постигнал два гола.
Спорт
Наглесман е заинтересиран за клупата на Тотенхем

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман, наводно бил заинтересиран да застане на кормилото на Тотенхем, доколку Спарс му врачат отказ на Жозе Мурињо.
„Билд“, тврди, дека Нагелсман, не би го Тотенхем, доколку претседателот Даниел Леви излезе со конкретна понуда.
Од друга страна во Лајпциг се веруваат дека Нагелсман ќе остане кај нив.
„Кога добро работите, тогаш сите се заинтересирани за вас. Јулијан се чувствува добро кај нас, има се што му треба. Тимот се развива на вистински начин. Поради то не гледам зошто би сакал да направи промена во кариерата. Покрај тоа тој има цврст договор“, рекол директорот на Лајпциг, Маркус Кроше.
Нагелсман со Лајпциг, оваа сезона, се бори за титулата во Бундес лигата, на табелата имаат два бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Спорт
Лаутаро: Не мислам на Барселона, ќе останам во Интер

Лаутаро Мартинез, потврдил дека наскоро ќе го стави својот потпис на новиот договор со Интер. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година. Аргентинецот, минатото лето, беше пред трансфер во Барселона, меѓутоа клубот од „Ноу Камп“, немаше пари да го покрие обесштетувањето од 111 милиони евра, а Интер ја одбија можноста за Лаутаро да добијат помала сума на пари и еден или двајца фудбалери.
„Вистина е дека преговарав со Барселона и трансферот за малку ќе се реализираше. Сепак тоа не се случи, тоа го оставив зад себе. Сега воопшто не размислувам за Барселона, само Интер ми е во мислите, тоа и му го кажав на тренерот“, рекол Лаутаро за „Газета дело Спорт“ и дополнил.
„Сигурно ќе го продолжам договорот. Не знам кога тоа ќе се случи, но ќе се случи. Уште долги години се гледам себе си во Интер. Ми се допаѓа градот, тимот, храната, навивачите. Навистина уживам“.
Лаутаро во 2018 година, за 25 милиони евра, од Расинг се пресели во Интер. За Интер има одиграно 117 натпревари, на кои постигнал 45 голови, 15 од нив постигнал оваа сезона.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер