Спорт
Бејл и Ван Дер Варт сепак во спремни за реваншот

Герет Бејл и Рафаел Ван Дер Варт сепак ќе можат да настапат за Тотенхем во среда во реванш мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Милан
Првичните најави за овие фудбалери беа дека нема да бидат подготвени за реваншот со Милан, но повредите се санираа побрзо од очекувањата, па Тотенхем ќе настапи комплетен. Првиот меч во Милано заврши со победа на Тотенхем од 1:0 со погодок на Крауч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Адутот на Сузуки за новата сезона „GSX-RR“

Актуелниот шампион во „кралската класа“, Џоан Мир и неговиот колега Алекс Ринс, го открија новиот дизајн на Сузуки за претстојната сезона.
Сузуки, последни го покажаа својот адут за сезоната 2021. Моторот, со кој Мир ќе се обиде да ја одбрани титулата ја носи ознаката „GSX-RR“.
Сузуки во новата сезона влегува со новиот спонзор Монстер Енерџи.
Возачите на Сузуки во новата сезона ќе имаат тешка задача да ги повторат резултатите од 2020 година, кога Мир ја освои титулата, а Ринс заврши на третото место во генералниот пласман.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Катар.
Спорт
Последно делче во шампионскиот мозаик – Грифин во Бруклин Нетс

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Блејк Грифн, се наоѓа пред трансфер во Бруклин Нетс. Грифин го раскина договорот со Пистонс и стана ограничено слободен агент, негова цел е да потпише за тим кој ќе се бори за шампионскиот прстен.
Американските медиуми се сигурно дека крилниот-центар ќе потпише договор со Бруклин Нетс. Потписот на шесткратниот учесник на Ол стар натпреварите ќе ги промовира Нетс во најголеми фаворити за титулата.
Од оваа сезона заедно во Бруклин се супер-ѕвездите Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг.
Грифин игра во НБА лигата од 2009 година, кога како прв пик на драфтот го избраа Лос Анџелес Клиперс. Девет години играше во Лос Анџелес, а потоа се пресели во Детроит.
Спорт
Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Златан Ибрахимовиќ повторно ќе игра за репрезентацијата на Шведска. Информацијата ја објави „Фудбол Директ“, повикувајќи се на повеќе извори.
„Фудбол Дикрект“, тврди дека името на Ибрахимовиќ ќе се најде на спискот, на селекторот Јане Андерсон, за претстојните квалификациски натпревар, за пласман на Светското првенство во Катар.
На крајот од овој месец Шведска ќе одигра три натпревари, против Грузија, Косово и Естонија.
Ибрахимовиќ последен пат за Шведска настапи на ЕУРО 2016 во Франција. Во кариерата за Шведска одиграл 116 натпревари. Со 62 гола е рекордер во националниот тим.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“