Спорт
НБА дебитираше во Европа. Њу Џерси подобар од Торонто

Првиот меч во регуларниот дел од сезоната, во историјата на НБА лигата кој е одигран надвор од територијата на САД, и припадна на екипата на Њу Џерси Нетс.
Првиот меч во регуларниот дел од сезоната, во историјата на НБА лигата кој е одигран надвор од територијата на САД, и припадна на екипата на Њу Џерси Нетс.Натпреварот се одигра во „О2“ Арена во Лондон, а Њу Џерси пред 20.000 гледачи го совладаа Торонто со 116:103. Дерон Вилијамс постигна 16 поени имаше и 11 асистенции, Хемфрис на 18 поени додаде 17 скока, а Лопез мечот го заврши со 25 коша во победничкиот тим, ДеРозен со 30 коша го предводеше Торонто. Тимовите од НБА лигата, во последните неколку години редовни играат предсезонски натпревари во Европа, но ова беше премиера кога се работи за регуларниот дел од сезоната. Торонто и Њу Џерси ќе одиграат уште еден натпревар. крај/нба/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шифрин ги разочара Словаците, победи во Јасни

Американката Микалела Шифрин победи на трката во слалом, која попладнево се возеше во Јасни, Словачка. Шифрин сега има 69 победи во кариерата, 45 од нив забелжала во слалом.
Американката ги разочара домашните навивачи, бидејќи за 34 стотинки, ја победи нивната миленичка Петра Влхова.
Третото место и припадна на Венди Холендер од Швајцарија.
До крајот на сезоната ќе се взат уште три трки во слалом, две во Оре и една во Ленцерхајден.
Во пласманот за слалом Влхова води со 480 поени, 45 повеќе од Шифрин и 70 од светската првенка, Австријката Катерине Линсбергер.
Спорт
Арсенал ја испуштија победата во Барнли

Барнли и Арсенал одиграа без победник 1:љ, во 28.коло, во Премиер лигата. Головите на „Турф Мур“, беа постигнати во првото полувреме.
Дуелот започна според желбите на Арсенал, во раната фаза постигнаа гол. Обамејагн, изведе соло-акција во шестата минута и го совладаа Поуп. Тимот на Микел Артета доминираше во првиот дел, а откако не ја дуплираа предноста, Џака им подари гол на противниците.
Арсенал напаѓаа и во вториот дел, а во последните пет минути извршија опсада кон голот на Барнли. Во 84.минута добија пенал, кој беше поништен од ВАР собата. Во таа кација „тобџиите“ ја погодија гредата.
Последната шанса ја имаа во 93.минута кога ударот на Себаљос заврши во дирекот.
Спорт
Адутот на Сузуки за новата сезона „GSX-RR“

Актуелниот шампион во „кралската класа“, Џоан Мир и неговиот колега Алекс Ринс, го открија новиот дизајн на Сузуки за претстојната сезона.
Сузуки, последни го покажаа својот адут за сезоната 2021. Моторот, со кој Мир ќе се обиде да ја одбрани титулата ја носи ознаката „GSX-RR“.
Сузуки во новата сезона влегува со новиот спонзор Монстер Енерџи.
Возачите на Сузуки во новата сезона ќе имаат тешка задача да ги повторат резултатите од 2020 година, кога Мир ја освои титулата, а Ринс заврши на третото место во генералниот пласман.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Катар.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“