Спорт
Барса без напор го победи Реал Сарагоса
Во 27-то коло од шпанската Примера лидерот Барса го продолжува напредувањето кон титулата привремено зголемувајќи ја предноста пред Реал на 10 бодови,
На својот „Камп Ноу“ Барселона го совлада Реал Сарагоса само со 1:0, со колот на Кеита во 43. минута. Очигледна беше одлуката на Хосеп Гвардиола неговите играчи максимално да се штедат на оваа средба во очекување на возвратниот дуел со Арсенал од осминафиналето на Лигата на шампионите каде треба да ја „брка“ негативата од 1:2.Вообичаено каталонците ја имаа во своите нозе топката повеќе од 75 отсто од мечот, а освен покрај опасниот контра напад по грешката на Кеита на почетокот од средбата гостите тешко се решаваа поексплозивно да го отворат својот бункер во противнапади. Покрај тоа, голманот Тони Доблас имаше шест интервенции со кои спречи опасни шутеви на Меси, Чави, Давид Виља. Во секој случај, Барса го оствари зацртаното со минимално вложени сили одржувајќи ја значајната предност пред најголемиот конкурент мадридски Реал кој во недела ќе го одигра својот меч со Реал Сантандер.Според последните информации, Жозе Мируњо утре нема да може да смета на Кака, Кристијано Роналдо, Сами Кеидра, Фернандо Гаго, Алваро Арбелоа, Езекиел Гарај и Гонзало Игуаин, па ќе биде интересно да се види каква формација е изведе Португалецот.Во првиот меч од саботната програма во Ла Лига, Валенсија потешко од очекуваното ја совлада Мајорка, и да се задржи на третата позиција. Откако од пенал во 31. минута Рамис ги доведе гостите во водство, „лилјаците“ прво две минути подоцна преку Пабло Хернандез изедначи, а со вториот негов погодок на 56. минута ја обезбеди победата на „лилјаците“.Во малото дерби екипата на Атлетико Мадрид конечно успеа да победи еден тим од врвот на табелата. На „Винсенте Калдерон“ со 3:1 го совлада Виљареал, кој и покрај поразот ќе остане на четвртото место на табелата. Победата домаќините ја извојјуваа преку Хосе Антониот Рејес во 5, Серги Агуера во 68. и Диего Форлан во 72, минута, додека „жолтата подморница“ успеа само да изедначи на 1:1 преку Џузепе Роси во 34 минута од натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.