Спорт
Јанковиќ против Павличенкова за насловот

Првата и втората носителка на ВТА турнирот во Монтереј Канада, Јанковиќ и Павличенкова ќе настапат во финалето.
Првата и втората носителка на ВТА турнирот во Монтереј Канада, Јанковиќ и Павличенкова ќе настапат во финалето.Србинката Јелена Јанковиќ во полуфиналето ја победи Полона Херцог од Словенија со 6:3, 6:2, а Анастасија Павличенкова од Русија со 6:4, 6:1 ја совлада Аргентинката Гизела Дулко.Во финалниот меч во двојки за титулата ќе се борат Динара Сафина (Русија) и Галина Воскобоева (Казахстан) против Нопаван Лерчевакарн (Тајланд) и Џесика Мур (Австралија)./крај./макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Победничката низа на Манчестер сити продолжи, имаат 15 поени предност во Премиер лигата!

Манчестер сити го забележа и својот 21. триумф едноподруго во сите натпреварувања, откако со 4:1 го совлада тимот на Вулверхемптон и се одвои на фантастични 15 поени пред Манчестер јунајтед на врвот на Премиер лигата, практично обезбедувајќи ја титулата уште на почетокот на март.
Но, за малку неверојатната низа на тимот на Пеп Гвардиола ќе застанеше против „волците“. Сити дојде во водство уште во 15. минута преку автоголот на Леандер Дондекер, а откако им беше поништен гол во првото полувреме поради офсајд, тимот на Нуно Еспирито Гомеш успеа да израмни со гол од глава на Конор Коуди.
Кога се мислеше дека серијата ќе застане на „заокружени“ 20 натпревари, на сцена стапи Габриел Жесус, кој по една убава акција, доби еден „отпадок“, кој сигурно го смести во мрежата. Со осигурана победа, Сити се „размавнаа“ во финишот – Ријад Марез во 91. минута зголеми на 3:1, пред Жесус со вториот гол во 95. минута да стави печат на мечот.
Спорт
Барса го уништи камбекот на Хезоња, Химки по 17 порази со триумф над Реал

Со само двајца „странци“, Химки неверојатно успеа да стигне до 78:77 победа над Реал Мадрид, откако Алексеј Швед со положување го донесе рускиот клуб до водство, а одбраната потоа го спречи Фабиен Касер во последниот напад во мечот.
Оваа победа доаѓа по 17 евролигашки порази за Химки, а најзаслужен е Швед со 22 поени, по што следуваа двајцата странци, Ерик Меккалам со 22 и Џордан Мики со 19 поени. Химки имаше седум предност на полувреме (45:38), но Реал израмни на 62:62 на крајот на третата четвртина. Ова е прва победа на преодниот тренер на клубот кој се наоѓа во голема криза, Андреј Малцев.
Во Атина пак, Марио Хезоња го одигра својот прв евролигашки меч по речиси шест години по потписот за Панатинаикос, но до победата стигна неговиот поранешен тим, Барселона со 85:77.
Никола Миротиќ даде 13 од своите 25 поени во првата третина за да ги донесе Барса до рано водство, додека Ник Калатес, во првиот меч против својот поранешен клуб, имаше 9 поени, 4 асистенции и 4 скока. Хрватот Хезоња, пак беше најдобар во ПАО со 21 поен.
ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
Химки – Реал Мадрид 78:77 (17:18, 28:20, 17:24, 16:15)
Зенит Санкт Петерсбург – Алба Берлин 87:71 (23:24, 20:24, 25:19, 19:4)
Анадолу Ефес – Валенсија 99:83 (18:23, 28:17, 22:18, 31:25)
Жалгирис Каунас – Асвел Лион 85:75 (17:20, 23:22, 27:15, 18:18)
Панатинаикос – Барселона 77:85 (17:26, 22:21, 11:12, 27:26)
Макаби Тел Авив –ЦСКА Москва 80:84 (23:23, 10:28, 19:17, 28:16)
Црвена звезда – Баерн Минхен 76:78(10:15, 25:16, 22:19, 19:28)
Спорт
Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!

Јувентус се доближи на седум поени разлика од првото место на Интер, откако потешко од очекувањата со 3:0 ја совлада незгодната Специја, во меч во кој Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој 12 години едноподруго во европските топ 5 лиги има барем 20 гола по сезона.
Откако во првото полувреме, само Кристијано Роналдо во финишот успеа да има вистинска шанса за „бјанконерите“, во второто полувреме, конечно, беше скршен отпорот на гостите. Прво повратникот во тимот Алваро Мората во 62. минута од мечот ги донесе Јуве во водство (по проверка на ВАР системот), а потоа во 71. минута, Федерико Киеза осигура бодовите да останат во Торино. На крајот, мечот го круниса Кристијано Роналдо во 89. минута од мечот, што беше негов фасцинантен 20. гол оваа сезона во Серија А, каде што е најдобар стрелец.
Победата доаѓа во совршен момент за Андреа Пирло, кој беше под големи критики по 1:1 ремито со Верона минатата недела, и ги носи Јувентус на 49 поени, три зад второпласираниот Милан и седум зад Интер. Специја, пак, по одличниот старт на сезоната, сега е на 16. место со 25 поени, сепак удобни 7 над зоната за испаѓање.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер