Спорт
Се крчкаат Европски олимписки игри

Високи 87% од Европските олимписки комитети (ЕОК), меѓу кои и Македонскиот олимписки комитет, му дадоа силна поддршка на концептот за организација на Европски олимписки игри, додека над 40% изразија желба да бидат домаќини на овие игри.
Високи 87% од Европските олимписки комитети (ЕОК), меѓу кои и Македонскиот олимписки комитет, му дадоа силна поддршка на концептот за организација на Европски олимписки игри, додека над 40% изразија желба да бидат домаќини на овие игри. Ова е резултат на истражувањето кое го спроведоа ЕОК-и и во кое беше вклучен и МОК, а претседателот на ЕОК-и, Патрик Хики изрази огромно задоволство од добиените резултати „Оваа поддршка која ја добивме од страна на Европските олимписки комитети е драгоцена во насока на одржување на еден проект кој е поддржан не само од Меѓународниот олимписки комитет, туку и од страна на многубројните Меѓународни телевизиски компании, меѓународни спортски федерации, од спортските административци, но и од страна на спортистите. Следен чекор кој Европските олимписки комитети ќе го направат е основање на компанија која ќе направи темелна студија за можноста оваа идеја да се спроведе во дело, а одлуката ќе биде објавена до крајот на март 2011 година “, рече Хики. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс по пауза од 10 години стигнаа до 55-та титула, ги тролаа Селтик на денешниот меч

Глазгов Ренџерс под водство на Стивен Џерард ја освоија титулата од Шкотската Премиер лига, нивна рекордна 55-та домашна титула, откако вечните ривали Селтик одиграа само 0:0 со Данди јунајтед, давајќи има на „кралско сините“ недостижна предност од 20 поени по 38 одиграни кола.
Во периодот од тие 10 години, Ренџерс еднаш банкротираше, но успеа да се врати на врвот на шкотскиот фудбал под водство на Џерард на клупата, додека Селтик одеа на рекордна 10-та титула во низа во сезона во која го сменија и долгогодишниот менаџер Нил Ленон. По банкротирањето Ренџерс беше пратен во третата дивизија и следните пет сезони не играше во елитата.
Овој успех на Џерард исто така ќе ги зголеми шпекулациите дека тој е природен наследник на Јирген Клоп на клупата на клубот каде што беше капитен, Ливерпул.
Фановите на Ренџерс уште вчера се собраа пред „Ајброкс“ за да ја прослават титулата, а и фудбалерите имаа фантастично славје во соблекувалната. За време на денешниот меч на Селтик, навивачите на Ренџерс платија авион да го надлета стадионот со порака: „Не гледате ли сега, број 55“.
This was the banner flown over Tannadice earlier.
If Celtic don’t beat Dundee Utd, Rangers will be confirmed as champions today pic.twitter.com/MMmIyIdQLh
— PA Dugout (@PAdugout) March 7, 2021
Absolutely brilliant! 🇬🇧 pic.twitter.com/bOzrrFIosK
— Chris Hughes (@Hughesy80C) March 6, 2021
Steven Gerrard in his car
Oh my god #RangersFC
What a view
OH MY HEART ❤️ pic.twitter.com/Ys9A0OVwH3
— SCARFACE (@LFC_LION) March 6, 2021
Спорт
Влхова со драматична победа во Јасна, кристалниот глобус за Басино

Словачката скијачка атракција Петра Влхова стигна до драматична победа на домашен снег во Јасна, победувајќи на велеслаломот пред новозеландската атракција Алис Робинсон и својата вечна ривалка, Американката Михаела Шифрин, која ја бркаше 70-тата победа во кариерата.
Ова беше прва победа на Влхова оваа сезона и 19-та во кариерата, но доаѓа во вистинско време – таа сега има 1.220 поени во генерален пласман, само 36 помалку од лидерката во генерален пласман, Лара Гут-Бехрами и со надеж дека на следните два слаломи во Оре ќе може да ја помине Швајцарката.
Сепак, најрадосна беше четвртопласираната на трката, Италијанката Марта Басино, која со овој пласман го обезбеди малиот кристален глобус во велеслалом, прв во нејзината кариера. Басино имаше четири велесласломски победи оваа сезона, за да собере вкупно 510 поени, со што второпласираната Французинка Теса Ворлеј не може да ја стигне (има 362 поени), со само последниот велеслалом од сезоната на финалето во Ленцерхајде.
Спорт
Меси на избирачко место – за кого гласаше капитенот?

Денеска за Барселона може да е клучен ден, откако членовите на славниот каталонски клуб излегоа на избирачките места да го дадат гласот за следниот претседател на клубот. Фаворит, секако, е поранешниот претседател Жоан Лапорта, а противкандидати му се Тони Фреича и Виктор Фонт.
Покрај членовите на клубот, право на глас имаат и фудбалерите на клубот, така што капитенот Лионел Меси го искористи правото и излезе на гласање заедно со својот тим.
За кого гласаше и со кого има поголеми шанси да остане во клубот, останува да се види.
🔥 The captain of the first team, Leo Messi, exercises his right to vote at the Camp Nou 🔥 pic.twitter.com/oiPVRcQHtl
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 7, 2021
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“